По долго време се огласи една од најубавите мисици, Марија Васиќ и раскажа како животот од корен ѝ се сменил

0

Вера Мештеровиќ е нашата прва официјална убавица на Македонија, пред многу години се натпреваруваше на официјалниот „Мис на светот“, во 1996 година.

И ако велиме пред многу години, Вера Мештеровиќ апсолутно ништо не изгубила од својата природна убавина, ниту од својата харизма, како ниту од онаа нејзината специфична насмевка по која многумина од нас ја препознаваме.

Последните неколку години се појавува и во видео спотовите на нашите пејачи. Денес е среќна мајка на две слатки дечиња’, објави за Вера Вечер прес во една прилика.

Вели дека искутвото во фолклорните друштва каде што одела како тинејџерка ѝ помогнале во ова искуство, да тргне сама на пат и да го искуси целиот сјај кој трае само додека била на изборот за Мис.

-Изборот за Мис е како приказната за „Пепелашка“. Додека си таму, во фокусот на јавноста, те препознаваат, те третираат како принцеза“, кажала Вера за Женски магазин.

Потоа, кога целиот тој гламур и сјај ќе заврши и му се враќаш на тековниот живот, никој веќе не те познава, ја нема веќе возбудата.

Јас заминав сосема сама, на 17 години, додека девојки од другите земји беа дојдени со цели тимови, шминкери, стилисти.

Финансиски помогнаа и моите родители. Уште додека летав натаму се разбра дека има кандидатка за Мис во авионот“, раскажа Вера.

А, дваесет години поминаа откако во тогаш преполната Универзална сала, за Мис на Македонија за Мис на светот беше избрана Марија Васиќ.

Нејзината убавина, грациозност и шарм ѝ ја донесе победата на еден од најубаво организираните избори за мис во тоа време, кои подоцна почнаа да се одржуваат во дискотеки и во ресторани и никогаш не се вратија на истото ниво’, објави Слободен печат.

Магичен часовник вратен 20 години наназад, преполн со волшепства, бајковити спомени и позитивни емоции кои на друг начин не можат да се опишат освен истите да се доживеат.

Иако изминаа 20 години, како вчера да се случуваше дефилето на кандидатките, подготовките и самиот избор во преполната Универзална сала.

Неизвесноста и напнатоста се дозираше со крешендо на респектабилната конкуренција, сериозноста на жирито и критичкото око на присутниот аудиториум.

Самиот настан во јавноста ќе остане забележан, како еден од најдобро организираните и најобјективни избори за Мис на Македонија, а за мене секогаш ќе претставува реликвија за почит и сатисфакција од прекрасни и убави спомени“, изјавила Марија за овоиј медиум.

Потоа, таа кажала што работи сега: – Мудроста вели дека не може да се седи на две столчиња, па така веќе запишана на Медицинскиот факултет, морав одговорно и сериозно да се посветам на науката, како мој предизвик и иден животен сопатник.

Професијата доктор е навистина најхуманата професија, со право од Бога благословена и до Бога возвишена од самото раѓање па сѐ до смр-тта!

Веќе 6 години како доктор – анестезиолог работам во приватната клиничка болница „Аџибадем – Систина“. Имам семејство, сопруга сум и мајка на две малолетни машки деца.

Секое мое слободно време, несебично го вложувам во нивните секојдневни обврски, учење; спортски активности – кошарка и скијање, но се занимаваат и со музика – поголемиот син свири гитара, а помалиот клавир“, раскажала Марија Васиќ.

Претходна статијаЛила доби многу јак коментар на сметка на нејзиниот нов изглед и искрено кажа за своите животни промени
Следна статијаСе огласи Искра Канзурова по упокојувањето на осумгодишното дете кое беше каснато од куче