Неда Украден и Стоја без шминка, кој би рекол дека се 22 години разлика

0

Пејачката Стојанка Новаковиќ, позната како Стоја често ги развеселува своите следбеници да се смеат на социјалните мрежи. Таа често се шегува на своја сметка и коментира за тоа колку сака да јаде и не и е грижа за линијата.

Но, се чини дека пејачката која е популарна ба Балканот и во дијаспората сепак се ставила на режим и успеала да ослабе. Стоја на својот Инстаграм објави фотографија која ги воодушеви нејзините следбеници и обожаватели.

Имено, пејачката е фотографирана во краток црн фустан и е видливо послаба. Освен што нејзините нозе се тенки, половината и е многу витка.

Иако во описот на фотографијата ја пофали и новата фризура, сепак таа не излезе во прв план како нејзина феноменална линија.

Неда Украден пак, неодамна најаваи дека ќе пишува автобиографија.

„По 50 и повеќе години кариера во која постигнав најголем успех, добив најголеми пејачки, дискографски и уметнички награди, бев сведок и учесник на многу настани на естрадата.

Мојот живот беше како феникс и ќе и го претставам на публиката преку книга без украси и измислици.

Јас искусив толку многу во мојот богат живот, и убаво и грдо, што не мора да лажам, да измислувам за да ги полнам страниците.

Нема да можам да ги ставам сите настани од мојот живот во една книга, така што ќе има две. Само што го завршувам првиот том, првата книга – вели пејачката.

Знаењето што го стекнала на Факултетот за англиски јазик и литература, на која дипломирала, покрај Правниот факултет во Сараево, решила конечно да го искористи и да напише автобиографија.

Неда со најновата објава на Инстаграм напиша дека се буди од зимскиот сон: Дојде време да се вратиме во животот по многу месеци поминати дома. Чистење, нега, неопходна е поправка на кожата. Ајде, будење!

Популарните пејачки Неда Украден (70) и Стојанка Новаковиќ Стоја (48) ги покажаа своите лица во крупен план без шминка, а многумина не знаеја, судејќи според нивниот изглед, дека разликата во годините меѓу нив е повеќе од две децении.

Имено, Неда на својот Инстаграм профил покажа како изгледа без трошка шминка, а Стоја често објавува фотографии во опуштено издание на социјалните мрежи.

За Неда оправдано се смета дека е една од пејачките во зрелите години која изгледа многу помладо, па нејзините и фотографиите на Стоја предизвикаа бура на социјалните мрежи.

Многумина беа изненадени што разликата во години помеѓу овие две пејачки е цели 22 години, бидејќи Неда изгледаше исто со децении и може да одговара на многу помлади жени.

„Браво Стојо, жена без шминка е жена без комплекс“, „Стоја е врв, но кој би рекол дека Неда Украден е многу постара од неа“, „Мојот мозок не може да разбере дека Неда е постара од Стоја “, велат некои од коментарите.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаВнуката на Есма Реџепова која го носи нејзиното име, пред важен чекор во животот (ФОТО)
Следна статијаНешто што ги интересира и Македонците во Германија: Ќе имаат ли имунизираните поголеми права