Не ја знаете вистината за мене: Познатата пејачка се искара со фановите

0

Српските медиуми минатата година пишуваа дека пејачката Милица Тодоровиќ не можеше повеќе да ја одложува опера цијата на носот.

Со текот на времето, ситуацијата стануваше сè покомплицирана и таа реши да замине во Турција со нејзината мајка, каде ќе го реши својот долгогодишен проблем.

Пејачката го опер ираше носот во странство, а потоа за „Блиц“ зборуваше за тоа за првпат.

– Во Истанбул беше напнато, бев таму со мајка ми затоа што морав да направам опера ција на носот.

Не го кријам и не одев на естетска корекција, не ми требаше, туку од здравствени причини. Сепак, сè уште не можам убаво да дишам и сè уште закрепнувам – открила пејачката за „Блиц“.

Милица Тодоровиќ неодамна ги изненади своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со нови професионални фотографии.

Пејачката продолжи на ист начин со провокативнa објава во сребрено трико.

Сепак, многу од следбениците се согласија дека Милица на оваа фотографија не личи на себе. Некои беа задоволни од исходот, додека многумина напишаа низа негативни коментари.

„Осак а-тена со операција на носот / Екстра си, но не требаше толку многу да го менуваш носот, ти беше убав и тој порано / Не чини / Која е ова? / Повеќе не си иста жена“ – се дел од коментарите на следбениците кои не се воодушевени од ова издание на пејачката.

Да потсетиме, Милица Тодоровиќ неодамна во популарна ТВ-емисија откри дека патувала кај пластичен хи рург во Турција, како и дека се опер ирала поради здравствени проблеми.

Иако не ја криеше опе рацијата, ниту направи „драстична промена“ на лицето, следбениците на Милица Тодоровиќ не се задоволни.

Имаше такви кои коментираа „Леле, сега сте како госпоѓица Пиги“ или „Си се опери рала, повеќе не те сакам“.

На ова реагираше и Милица: Мислам, не мора дури да ме сакате за тоа – рече Милица и додаде:

– Некој секогаш ќе коментира, иако не ја знаат вистинската причина, јас сигурно не сакав да го сокријам тоа“, откри пејачката.

Фото: Инстаграм принтскрин

Претходна статијаВаско Тодоров проговори за К-15, но и за Македонците во Австралија
Следна статијаГоца Божиновска откри каква свекрва е и какви биле нејзините две свекрви