Васко Тодоров проговори за К-15, но и за Македонците во Австралија

0

Многумина израснаа со нивните скечеви, а голем дел и од денешната младина, кои кога почнуваа не беше родена, уживаат и се смеат на нивните дела.

Секогаш беа забавни и оргинални, па затоа и народот ги сакаше и им ја даваше довербата со тоа што ги гледаше.

К-15 беше многу популарно македонско хумористично телевизиско шоу кое започна во средината на 1990-тите години и претежно е во формат на епизоди составени од кратки хумористично-сатирични скечови на македонски јазик.

Оргиналната постава на К-15, ја сочинуваат Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавуваа и други ликови, особено во годините по првата. Тројцата основачи се исто така и дел од сценаристите и режисерите.

Васко Тодоров или познат како Тошо Малерот, минатата есен беше гостин во емисијата „Еден на Еден“ со Жаре, каде што говореше на повеќе теми.

-К-15 го направивме затоа што сакавме да го направиме. Тоа е наш начин на хумор, на израз, на сатира на сето тоа што го пласиравме. Прво се чудеа луѓето кога се појави, првата сезона беа збунети, со перики вакви онакви, не беше видено такво нешто.

Имаше многу поделени мислења, 90 проценти не не сакаа, а 10 посто не сакаа по првите епизоди, ова сериозно го велам“, вели Васко и додава:

-К-15 постоеше толку години зошто луѓето одлучија така да биде. Драго ми е што и нови генерации растат со тие скечеви, тоа ми е големо признане.

„Полесна работа од скеч нема, нешто најпросто, само да ти текне, некој да ти направи сценарио, да го изрежира, да го измонтира, да има поента, да има штос почеток, и на крај да најдеш телевизија каде ќе се прикажува.

Еден пријател имаше стовариште, ми вика лесно ти е тебе! Јас му велам, соберете се и снимајте и вие“, низ шега вели популарниот Тошо Малерот.

-На времето имаше еден телефон во претсторија и имаше друга комуникација. Сега на овие деца да им кажеш дека немало интернет и мобилни телефони ќе те прашаат од која пештера си искочил. Ние велиме, ама деца не знаете колку беше убаво, но тоа нив не ги занима, не знаат како било.

„Во денешно време сите сакаме пари, мене кога ќе ме прашаат зошто ти се пари, јас велам мене ми се парите за да си купам слобода и независност.

Јас во парите не гледам моќ да владеам да имам поданици. Најбитно во животот мене ми е дали некој седи со мене затоа што сака или затоа што мора.

Ние како К-15 не сме имале големи пари, ние сме биле со кредити со К-15 продукција. Ние сме земале некои плати сме имале коректна живеачка, сум можел да си направам кеиф.

Добро познато е дека Васко Тодоров откако згасна К-15 еден период се пресели и живееше во Австралија, но во меѓувреме се врати во нашата земја, па реши да сподели како е таму:

-Во Австралија има македонски кујни, луѓето си прават, ајвари и пинџури, и ра кија и вино. Имаш македонски производи и се. Таму мислам дека има повеќе Македонци него тука. По бројно стање, така ќе му дојде некако отприлика“, изјави Васко Тодоров.

Претходна статијаНашиот најпознат доктор со прогноза, кога може да се очекува пикот од овој бран
Следна статијаНе ја знаете вистината за мене: Познатата пејачка се искара со фановите