Ме предаде, мојот роден брат ме продаде – ти испраќам порака од Флорида брате, колку сум очајна

0

Ќе бидам кратка, само сакам брат ми да ја прими пораката, овака јавно. Пред 8 години се омажив во Америка, сега живеам на Флорида…

Дома се враќав на секои 2-3 години, колку што можев да си дозволам. Овде животот е скап во Америка, мора многу да се работи, затоа и дојдовме во Флорида, малку поевтино е да се живее заради влажната клима. Постојано се потиш, таква е климата.

И да не должам, на родителите им испраќав пари колку што можев, редовно, никогаш не ги заборавив. За жал, минатата година во период од четири месеци и двајцата ги загубивме.

Тоа беше голем удар за мене, голема тага, особено затоа што не можев да стигнам да дојдам за вечното испраќање на мајка ми.

Мислев дека тоа е нешто најлошото што може да ми се случи и многу тешко го поднесов. Не очекував дека после татко ми веднаш ќе си замине и мајка ми, а овде не ми дозволуваа од работа да отсуствувам.

А потоа следеше нов, трет удар. Овојпат ударот ми го нанесе мојот роден брат! Моето родено братче кое си го сакав најмногу на свет и не давав влакно да падне на него, ниту некој да кеже лош збор.

Дознав дека во наследство ништо не ми оставиле моите родители, дека тој е единствен наследник на сè, на куќата, на дворот, на нивата, апсолутно на сè, а јас ништо не сум добила.

Ниту еден метар квадратен, да имам каде да преноќам кога ќе доаѓам во посета, кога ќе доаѓам дома. Сега веќе немам “дома”.

Знам дека тоа не е волја на моите родители и дека тој некако успеал да ги натера. Очекував барем една соба да ми остави. Жално, ама веќе немам каде да се вратам кога ќе се враќам од Америка, а веројатно веќе нема никогаш да се вратам, кој ме сака таму?

Никој! Ни родениот брат! Епа фала ти брате, ова е последен пат што те нарекувам така, да знаеш дека повеќе немам брат! Со тоа што, треба да знаеш дека солзите од сестра, од родител, чинат многу.

Моите внучиња, неговите деца ги сакам бескрајно. Ова го напоменувам за да не ме сфати некој погрешно, дека колнам. Но, сето она кое сум го видела во животот, кај роднини и пријатели, ми кажува дека најчесто лошото се враќа по најмилото. За жал.

И.П. Фото: Илустрација

Авторски текст, не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама

Претходна статијаИзјави дека е 10 класи подобра од Гавазова и од Велевска: Јас сум на врвот, па десет места празни, па се останато
Следна статијаАндрија Милошевиќ најави дека би станал татко