Изјави дека е 10 класи подобра од Гавазова и од Велевска: Јас сум на врвот, па десет места празни, па се останато

0

Приказните за фолкерката Сања Цинцева или попозната во јавноста како Сања Барби се секогаш интересни за јавноста. Пред неколку години, таа долг период престојува во Швајцарија.

Причина за тоа, како што тогаш тврдеа многумина, е нејзиниот дечко кој живее таму, а со кого Барбиката е во врска неколку месеци. Двојката се запознала сосема случајно, а љубовта се родила уште на прв поглед.

Имено, на еден од настапите на Сања, која честопати пее во Швајцарија, меѓу гостите бил и бизнисменот кој веднаш штом ја здогледал згодната струмичанка, изгубил глава по неа.

По настапот, тој и пришол, се запознале, а само неколку дена потоа се родила и љубовта меѓу нив.

Сепак, фолкерката ги демантираше ваквите шпекулации.

“Нема врска, немам дечко. Точно е дека сум во Швајцарија, но немам дечко. Работно престојувам тука и се враќам кон почетокот на идниот месец”, рече Сања тогаш за медиумите.

Минатата година, фолкерката Сања Цинцева го промовираше видеото за темата „Барбика кралица“ која што ја сними заедно со Џамбо Агушев.

Автори на ова музичко дело се Борче Нечовски и Дејан Момировски, додека, пак, видеото е дело на Дарио Јанковиќ.

Во еднно интервју неодамна, Сања доби прашање: која фолкерка е на врвот на македонската фолк-сцена, дали е тоа Сузана Гавазова или Елена Велевска. Според тебе која го заслужува пехарот?

– Секоја е добра на свој начин. Сепак, мислам дека јас сум на врвот, па десет места празни, па се останато. (ха, ха, ха), изјави таа.

Барби гостуваше во емисијата Фолк парада на Алфа и вешто ги избегнуваше прашањата за нејзиниот приватен живот.

Во играта која ѝ ја зададе водителката Анита, таа кога и да требаше да одговара на провокативни прашања ќе речеше: Дај една ракија.

Таа објави провокативна фотка на Фејсбук и овожавателите евднаш почнаа со коментари. „Секој коментар за твојата убавина ќе е премалку…“, вели еден.

Оваа жена исчезна нешто. А, толку е слатка и симпатична, многумина од естрадата можат вода да ѝ носат. Супер изгледа, згодна и умерено провокативна.

Најмногу ми се допадна кога ка испеа „Министерка“, изјави еден обожавател на Барби.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаБогдана во бикини си игра со синот, до неа сестра ѝ, која од која поубава (ФОТО)
Следна статијаМе предаде, мојот роден брат ме продаде – ти испраќам порака од Флорида брате, колку сум очајна