Македонка од Австралија: Секоја вечер ги сонувам мама и тато, немам мир, не знам дали да се вратам во Битола

0

Бев многу млада кога ги изгубив родителите. Кога се случи тоа престанав да одам во училиште. Прво татко ми се разболе и не можеа да му откријат од што е болен.

Се влечкаа со мајка ми по болници и тоа траеше многу долго, со месеци, можеби цела година.

На крај заврши во Солун, му открија дека има напреднат карцином, а терапијата што ја примаше таму чинеше илјада евра дневно.

Моите родители имаа заеднички бизнис и доста добро заработуваа, можам да кажам дека бевме богати. Но одеднаш тоа богатство исчезна.

Мене тогаш не ми кажуваа што сè се случува, но сфатив дека веројатно татко ми се откажал од лекувањето, зошто одеднаш се врати назад. Нè напушти за многу кратко време откако си дојде дома.

Беше многу тажно, особено за мајка ми зошто беа неразделни со татко ми. Следна беше баба ми. За еден месец после татко ми и таа ги затвори очите. Тоа беше втор удар за мене, зошто со баба ми пораснав.

После неколку месеци одеднаш мајка ми започна да слабее. Кога замина во Скопје на испитување само и рекоа дека има мета стази насекаде и дека ра кот многу брзо се ширел.

Последната недела во Скопје поминати со неа не можам да ви ги опишам. Не зборувавме ништо, само ме гледаше со нејзините крупни очи, а јас не знаев што да и кажам.

Да бидам искрена, тогаш кога ќе се сетам, јас како да бев исклучена, како мене да не ми се случуваше сето тоа. Се чувствував како да сум во некој лош филм и само чекав да се разбудам.

Така и мајка ми ја загубив, немав никој свој близок. Имав роднини кои ме прифатија, ама никого не го чувствував за близок. Се јави тетка ми од Австралија дека сака да ме посвои и јас се сложив.

Но, не знам зошто работите се искомплицираа и мораше да чекам цела година а и повеќе додека се одобрат документите за посвојување.

Тоа е тоа што ми се случи мене во детството, во Македонија, и откако заминав во Австралија, веќе никогаш не се вратив назад. Оттогаш се поминати 10-тина години и никогаш не сум се чувствувала вака.

Од пред еден месец почнав секој ден да ги сонувам мама и тато. Ги сонувам најразлично, во вистински сцени што се случиле и во некои апстрактни сцени, небитно, важно речиси секоја ноќ ми се појавуваат на сон.

Не знам што да мислам во врска со ова. Дали треба да одам во црква, дали треба да се вратам во Македонија, не знам што треба да направам. Понекогаш помислувам дека можеби нешто ми се лути или дека дошле да ме земат со себе.

И.П. Фото: Илустрација

Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редеакцијата на Галама

Претходна статијаЈа гледам „Касандра“ и се чувствувам пак како дете
Следна статијаНаде: Кутрите наставници едвај преживуваат, ама, ги научивте да молчат