Ја гледам „Касандра“ и се чувствувам пак како дете

0

Нема некој не ја памети убавата Касандра и нејзината љубовна драма со Игнасио и Луи Давид, бабата Доринда и Ранду, кој беше несреќно вљубен во неа.

На крајот на деведесетите, кога се емитуваше немаше живо пиле надвор.

Сите беа пред Тв екраните, чекајќи ги авантурите на убавицата која живееше во циркус.

„Касандра“ е Венецуелска ТВ новела. Сценариото е напишано од Делија Фиало, а режисери се Грацио Дангело и Олегарио Барера. Главен лик на серијата е Касандра, млада Циганка која се венчава за богат човек.

Меѓутоа, таа не сфаќа дека е внука на домаќинот на таа куќа. На првата брачна ноќ, мажот на Касандра, Игнасио, го загуби животот, а Касандра ја обвинуваат за тоа.

Оваа теленовела имаше 150 епизоди и постигна голем успех ширум светот, а особено во Србија, Македонија, Бугарија, Русија, како и во други држави.

Серијата Касандра влезе во Гинисовата книга на рекорди како ТВ серија на шпански јазик што се емитувала во најмногу држави (128). Продукција и дистрибутивна куќа на оваа серија е Coral International, сега познат како RCTV International.

Популарната актерка од Венецуела, Кораима Торес (48) врвот во својата кариера и беше по улогата на Касандра во истоимената серија.

Експанзијата на шпански серии во Македонија се случи во 1997 година, а токму „Касандра“ по се изгледа ќе влезе во историјата како најгледана филмска серија.

Ниту репризите на оваа серија во која Касандра, Доринда, Игнасио и Ранду кои беа главни ликови немаше помала гледаност. По нив дојдоа некои нови актери, па Кораима Торес беше заборавена.

Денеска ако ја видите нема да ја препознаете. Поминаа 29 години откако е снимена серијата, но за Кораима како времето да застанало.

Иако ја гази петтата деценија, актерката има совршено тело и изгледа како три децении помлада девојка. Таа воопшто нема направено естетски корекции, но одлучила да биде негувана.

Живот во природа и постојаните тренинзи си го направиле своето. И покрај тоа се има породено, Касандра има „плочки“ на стомакот.

Денес, Касандра се уште игра во теленовелитe. Од Венецуела, се пресели во Богота, Колумбија. Се омажи за актерот Николас Монтеро и го имаат синот Ману Нико.

 

На оваа убавица потсети пиателката Марија Лозаноска, сестрата на пејачот Влатко Лозаноски- Лозаноп која раскажа дека пак почнала да ја гледа Касандра.

-Инаку, ја гледам пак Касандра. Последно ја гледав кога ја даваа на ТВ. Тогаш бев тазе научена да читам.

Не сум по сапуници, ама сакав да се потсетам на овој евергрин кој е пресврт во историјата на сите вакви ‘теленовели’. Многу работи не памтам, ама фразата ‘накитена како Доринда’ си ја користам до денес за себе.

Серијата е толку наивна, но толку драм атична. Често ја ставаме во хумористичен контекст, но нема кој не ја знае, па целта си ја постигнале. Се чувствувам пак како дете. Тогаш се сеќавам дека имав иста коса како Касандра (долга, виткана и темна), ама уште не носев накит, бев дете, иако сакав да се накитам како неа. Не дека сега не сакам.

Тоа беа поедноставни времиња. Трчавме дома за да гледаме драма. Не затоа што бевме затворени.

И за крај на оваа моја рецензија, ќе споделам една мудра мисла од серијата која сите длабоко ќе ја разберете:

– Чачипе, ермана, ту ес ла рејна де хитанос!“, напиша Марија.

Фото: Јутјуб принтскрин, Инстагтрам принсткрин

Претходна статијаСлавица Ќуткераш откри зошто плачела среде кафуле и сите ја гледале
Следна статијаМакедонка од Австралија: Секоја вечер ги сонувам мама и тато, немам мир, не знам дали да се вратам во Битола