Наде: Кутрите наставници едвај преживуваат, ама, ги научивте да молчат

0

Наде Молеровиќ, позната пеофесорка и мотивациски говорник е една од најпочитуваните наши јавни личности.

Наде во Фејсбук статус објасни како им е на наставниците сите овие триесет години со честите промени на законите во образованието.

И на наставниците ИЧ не им е интересно со министрите за образование сиве овие 30 години. Стрес им е. Несреќни се.

Им ја девалвиравте професијата со секоја Ваша промена на власт. Мислевте дека секој може да е министер или наставник?

Ја исполитизиравте нивната благородна мисија затоа што не ја разбирате. Не ја живеете. Треба срце да имате за да бидете учител. Срце големо како планина кое само од љубов работи со своите ученици.

Тие даваат се од тоа што Вие требаше да им дадете за да им го направат училиштето пријатно место за учење, забава и престој. Тие ги учат за животот многу повеќе отколку што можете да претпоставите.

Да и во центарот на интерес секогаш им се учениците. Сакаат сите наставници најдобри да бидат, да умеат, да се осовременуваат и да учат.

Се што требаше државата да им овозможи тие од сопствените пари купуваа за да им успее тестирањето, оценувањето, проектната активност, групната задача, се само планираното да успее и за да им биде интересно на децата.

Сами си плаќаа досуовршување, земаа кредити за компјутери и не Ви беше важно. Само нека си ќутат. Тоа Ви беше на сите важно.

Ги дотепавте со експериментите реформаторски за кои одлучуваа луѓе без еден ден поминат во училница, без еден ден! И сега е така. Одлучуваат луѓе без еден ден поминат во училница, без дневник., без учителски ентузијазам, без љубов.

Се само барања..барања…нелогични барања да ги исполнуваат безпоговорно. Плати кои не овозможуваат достоинствен живот за учител кој живее за да работи 7 дена во неделата, 24 саати и делник и празник.

Ај да не кажам и со најмизерните пензии на светот кои ги добиваат со што удривте не само по професионалното туку и по човечкото достоинство. Ова од лично искуство ви го кажувам. Со тоа само потврдивте дека мислите наставниците вистински и не заслужуваат повеќе.

Не се изборивте никој од Вас за признание и општествена почит на нивната величенственост, храброст и издржливост во професијата учител/наставник. Особено денес во услови на пандемијава самите си се свои подржувачи, обучувачи, ментори и тренери, САМИ!

А, зошто? Затоа што никој од Вас не ги носеше “чевлите” на учителот низ неговите секојдневни предизвици во училницата што живот значи. Дозволивте во општествово најголема вредност, признание и слава да имаат луѓе без образ и едукација, карактер и превртлив став. Ги сакате лицемерните.

Кутрите наставници едвај преживуваат. Ама, ги научивте да молчат. Ете, во тоа бевте најдобри. СИТЕ до еден! Ќути си и работи си. Не ги охрабривте да мислат со своја глава, да искажат јасен став што сакаат и што очекуваат од вашите реформи.

Секоја слободна мисла, идеа, пркос ја сметате….лична навреда, срам. И статусов мој можеби? Не , на наставниците ИЧ не сте им интересни, ниту сте им биле подршка, ниту имавте познавање, ниту разбирање што значи образование и учителствување.

Не разбравте дека наставниците работат со срце и душа за малку пари. Многу малку пари. Се плашам дека иднината ќе го остави образованието во Македонија без учители. Ќе ги барате на конкурс од други земји, затоа што овие нови генерации наставници нема да работат од љубов, тука за да преживеат.

И, да, ИЧ не им се допаѓате на наставниците. 30 години уништување на достоинството на професијата учител.. А, едноставно беше: да учевме сите ние од најдобрите, од искуството на најуспешните, најнапредните, најспособните.

Само требаше да учиме и да признаеме дека НЕ знаеме доволноза да бидеме најдобри во најблагородната професија на светото која толку многу влијание има врз животот на децата.

Фото: Фејсбук принтскрин

Претходна статијаМакедонка од Австралија: Секоја вечер ги сонувам мама и тато, немам мир, не знам дали да се вратам во Битола
Следна статијаГолемо славје во семејството на Маријана во Австралија