Пораки до дијаспората: Зошто им го правите ова на Македонците, ќе станат малцинство во сопствената држава

0

Пописот во дијаспората е во тек, од почетокот на овој месец и ќе трае до 21 април. Пописот во Македонија, треба да почне од следниот месец. Во дијаспората, пописот се изведува електронски.

Фото: Јутјуб принтскрин

Државниот завод за статистика вчера соопшти дека се регистрирани нови 6.600 самопопишани лица од дијаспората.

Податоците покажуваат дека за 25 дена, откако започна самопопишувањето на македонските иселеници во странство, 143 755 граѓани ја искористиле можноста да се регистрираат во електронската апликација достапна на popis2021.stat.gov.mk и census2021.stat.gov.mk.

Како што стои во соопштението од Државниот завод за статистика, бројот на оние кои ја користат оваа можност да го потврдат своето потекло продолжува секојдневно и трендот е во нагорен раст.

Фото: Јутјуб принтскрин

Ги повикуваат сите наши државјани кои по која било основа живеат или престојуваат во странство, имаат македонско државјанство и единствен матичен број на граѓанинот, да го остварат ова право.

Сепак, одзивот на Македонците во дијапората е многу слаб. Во Австралија на пример, се попишани само 2000 граѓани, а македонската заедница во оваа држава, како што истакна новинарот Васко Ефтов, во неговата синоќешна емисија, е околу 90 илјади.

Ефтов, покрај ова, напомена и дека пописот може да биде одложен и тогаш ќе имаме политичка криза, а можеби и паѓање на владата, а пописот може да биде спроведен и тогаш ќе имаме бетонирање на позицијата на меѓународната поддршка за власта.

Ако го преживее пописот, со непаѓање на владата, на Заев му одговара бојкот на пописот. Спроведен попис кој е бојкотиран од опозицијата е нешто што Заев го посакува повеќе од седмица на лото. На тој начин тој ќе се врати во 2018 година кога неговата поддршка од меѓународната заедница беше на највисоко ниво.

Со кампања бојкот на пописот, која нема да заврши со одлагање на пописот, Заев добива амнестија за сите пазарења со Али Ахмети. Тогаш Ахмети и да направи џандар збира на пописот машинеријата на Заев ќе ги обвини сите кои воделе кампања за бојкот на пописот, вели Васко Ефтов.

Непопишувањето на Македонците во Австралија (кои се попишуваат онлајн, односно не им доаѓаат попишувачи на врата) ја руши како кула од карти стратегијата дека не треба да има попис поради пандемијата. Попис не треба да има да се предизвика политичка криза, рече Васко Ефтов во неговата синоќешна емисија „Во Центар“, која можете да ја погледнете ТУКА

Инаку лидер на идејата за бојкот на пописот е Димитар Апасиев, пратеник и претседател на Левица. Тој завчера во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, рече дека ова е отпис, а не попис.

Вчера и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предупреди дека попишувачите треба да бидат имунизирани, пред да одат во нечиј дом. Во спротивно, како што рече тој, не ми паѓа на памет да им отворам врата, не па да ги пуштам дома.

Дијаспората е поделена, а причина за таквата конфузија е и секојдневното менување на ставовите на некои таканаречени лидери на Македонците во дијаспората.

Па така еден од нив, претставник на СМК во Канада, најпрво по одржан онлајн состанок со пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска на својот профил на социјалните мрежи напиша дека најголем патриотизам било секој да се попише, неговите предци се попишувале и затоа тој ќе се попише.

Веќе следниот ден, Боби Темелков го избриша статусот и напиша нов, во кој вели дека ќе го бојкотирал пописот, затоа што многу Македонци ќе бојкотирале. Многумина на неговиот профил го исмеаја таквото несериозно однесување и се запрашаа дали можеби ќе го избрише и овој статус, а тој им порача дека е човечки да се згреши.

Како што напомена и Васко Ефтов во неговата емисија, со бојкот на пописот, на Али Ахмеети ќе му се овозможи таканаречена „Џандар збира“ ситуација и многу лесно може да се случи Албанците да одат на над 30 проценти.

Надежите на некои дека тоа по десет години ќе се промени, едноставно неможе да се остварат, рече Ефтов, бидејќи стекнато право не се одзема:

-Го вративме ли Кичево и Струга? -праша Ефтов! Не, и никогаш тоа нема да се случи, рече Ефтов. Зошто им го правите ова на сонародниците Македонци во матичната држава? – им се обрати Ефтов на Македонците во дијаспората.

Слични коментари има по социјалните мрежи. На Македонците во дијаспората им се забележува дека возат убави коли и имаат добри примања и згора на тоа прават штета на своите сонародници:

-Ако сте толкави патриоти, вратете се во матичната држава, а не да си пополнувате слободно време со патриотизам на Фејсбук, се пораките до дијаспората.

Бидејќи, доколку се сменат актуелните бројки, според кои Албанците се 25 проценти и станат 35 проценти, тоа ќе значи на местото на многу Македонци, да се вработуваат Албанци, како што напомена Васко Ефтов.

Претходна статијаГолема промена кај Иван Босиљчиќ, фановите во неверување (ФОТО)
Следна статијаСпасов: Оставете Бугарија, сега пасоши за пари даваат од Велика Британија до Црна Гора