Љубчо: Ако сме им простиле на србите кои биле три пати полоши, зошто да не им простиме и на Бугарите

0

Како и многупати во минатото, поранешниот премиер на Македонија и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, крена прашина во јавноста со својот став околу решавањето на проблемот со Бугарија.

Фото: Јутјуб принтскрин

Георгиевски во статус на својот профил на социјалните мрежи понуди предлог решение во пет точки, кое наиде на остри осуди во јавноста.

-Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ке изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944.

Фото: Јутјуб принтскрин

„-Да се објават сите пет веке потврдени личности плус Делчев како општ, заеднички без многу детали. И плус Глигор Прличев за кого прво се согласиле па бугарската страна се повлекла.

-Да се утврдат уште десет или петнаесет настани кои се општи без многу големи тектови и објаснение и да почната да слават заедно. Може и сто и петнаесет ама тогаш политичарите само од прослава на прослава треба да одат.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Бугарската страна под итно да направи список на места од македонските учебници кои се навредливи за нив и тие да се се избришат без да се чека општата дискусија.

-Да се направи нова специјална комисија која ке работи под најбрза постапка за прогонот и ув ист-вата на Македонци со бугарска национална свест. Според бугрски извори 30.000 ув -иени и 120.000 мал тр-ет ирани. Лично сметам дека тука некој лошо ја подводи бугарска јавност. Но и 1200 да се демократија треба да објави на виделина.

-Македонската страна да се задолжи Во сите историски книги незвисно од државен или приватен издавач точна да га дава преводот посебно каде писателите пишувале македоци или бугари. Секој фал си-фи кат да биде финансиски санкц ионран.

-Македонската историографија да ги корегира и да ги даде вистинските имиња на институциите, на пример Народна Федеративна Партија???

Фото: Јутјуб принтскрин

– Македонската историографија да ги потполни важните биографски моменти на важнили личности. На пример фактот дека Гоце, Даме, Ѓорче и стотици други биле учители на бугарската егзархија не е мала работа која ја криеме.

Фото: Јутјуб принтскрин

-И конечно имам и предлог со кој може да го затвориме и проблемот со јазикот. Македонската страна да признае дека целата македонска преродаба се обидувала да создаде заеднички јазик со Бугарскиот но врз база на македонските дијалекти но бугарската интелегенција поради кратковидост кодифицирале јазик само врз база на северозападните дијалекти со што го отвориле патот на македонскиот јазичен сепаратизам а на Српските лингвисти основа дека и шопските говори во Бугарија се српски јазик.“

Фото: Јутјуб принтскрин

Ова е во кратки црти предлогот на Георгиевски, на кој се спротивставија многумина.

Денес, во интервјуто за „А1он“ зборувајќи за македонско-бугарските односи, уште еднаш потенцира дека Македонија треба да ја смени перцепцијата кон Бугарија и да престане со анти-бугарското расположение, затоа што според него во минатото Бугарија била најголемиот поддржувач на Македонија, особено во 19 век. Наспроти ова Геориевски вели дека треба да и се оддаде признание и почит на Бугарија.

„ Ако сме простиле на Србите кои биле три пати пожестоки окупатори на овие простори, ако сме им простиле во поновата историја на УЧК и седат во Владата не гледам проблем да им простиме и на Бугарите. Аршинот треба да биде ист. Ако не простуваме, не простуваме на никој.

Фото: Јутјуб принтскрин

Треба да ја смениме перцепцијата и да признаеме дека Бугарија била најголем поддржувач на Македонија во 19 век. Факт е дека секој ранет комита од Македонија одел на лечење во Бугарија.

Фото: Јутјуб принтскрин

Секој кој бил гонет се криел во Бугарија, 90 проценти од оружјето доаѓало од Бугарија, обуките биле таму во Бугарија. Таа поврзаност Бугарија- Македонија била многу јака, што е проблемот да ја признаеме.

Фото: Јутјуб принтскрин

Триесет години го зборувам ова. Ако ги утврдевме пријателските места немаше да дојдеме до ова, ако секој политичар градеше по еден чекор, ниту ќе имавме обврски, ниту ќе ја имавме оваа шокова терапија.“, вели Георгиевски во интервју за А1он.

На прашањето за откажувањето од македонското малцинство во Бугарија, Георгиевски вели дека тоа не било ништо ново и дека Македонија и со договорот од Преспа и со договорот со Бугарија се откажала од малцинставата.

Фото: Јутјуб принтскрин

„Предлагам нека даде гаранција со ништо нема да ги поддржува аспирациите на македонското малцинство во Бугарија . Повторно галама, вик, патриоти колку сакате, а не гледам зошто. Македонија во овие 30 години , шест пати официјално се има откажано од малцинствата во Грција и Бугарија.

Фото: Јутјуб принтскрин

Три пати во договори со Грција, уште два пати во договор со Бугарија. Ги избришале од Уставот малцинставата, веќе не знам со кои промени и конечно со последниот договор меѓу Заев и Борисов член 11, има шест потточки со кои ние се обврзуваме дека нема да даваме никаква поддршка таму. И сега јас кога нудам вака сум крив.

Ако до сега пет пати сме се откажале од нив, да се откажеме и овој пат да им дадеме гаранција на Бугарите“ , објаснува Георгиевски во интервју за А1 он, кое можете да го погледнете ТУКА

Претходна статијаМу го протераа семејството од дома, а сега е оженет со 23 години помлада жена: Животната приказна на познатиот актер на кој „паѓаа“ жените од поранешна ЈУ
Следна статијаТребаше да се тресам пред змејот: Како зборуваше Оливера Балашевиќ за Ѓорѓе