Неда Украден, една од најпознатите пејачки во поранешна Југославија неодамна наполни 70 години.
Неда ја нарекуваат балканската Тина Тарнер, и годините кои одлично ги носи ретко кој би ѝ ги дал. Неда е веќе баба, и тоа на тројца внуци.
Од нејзината ќерка Јелена, Неда го има нукот Душан и двете внуки Александра и Неда, која го носи нејзиното име. Неда е многу врзана со ќерката Јелена, а својата баба ја почитува и нејзиниот сопруг Пеца Миновиќ.
Доказ колку ја сака баба си, е тетоважата која ја направи со нејзиното име. Тетоважата е оригиналниот потпис на Неда.
Неда откри дека е при крај кога станува збор за работа на нејзината автобиографија, која започна да ја пишува за време на двомесечниот карантин што беше прогласен во првата половина на минатата година.
-Деновиве пишувам ракопис и значително го менувам и дополнувам текстот. Сликите само се појавуваат, бидејќи мојот живот и кариера се случуваа на неколку места – земји, градови, адреси.
Тука се и сите тие одлични луѓе, автори, песни, концерти, патувања … Тоа ќе биде многу интересна книга – истакна Украден.
Иако на прво место ѝ е важно што остана здрава уште од почетокот на пандемијата на вирусот корона до денес, Неда Украден истакнува дека е многу загрижена за бизнисот што го започнала со нејзината ќерка и зет. Српските медиими пишуваат дека Неда е речиси пред банкрот.
-Инвестиравме премногу работа и средства во нашата семејна игротека и центарот за убавина за да ги оставиме сега. Ние се обидуваме, со големи напори, да не дозволиме луѓето да ја напуштат својата работа – рече пејачката во интервју за Стори.
За приватниот живот на Неда многу се зборуваше во поранешна Југославија. Едно време дури се шпекулираше дека таа е во емотивна врска со либискиот рево луционер Моамер ал-Гадафи.
– И покрај гласините што жолтиот печат ги поставуваше во текот на 90-тите години дека Гадафи е мојот љубовник, на кои сите се смеевме дома, јас го запознав овој голем државник на Либија и голем пријател на Југославија и Србија во 2006 година.
Со него се сретнав кога со многу многу колеги со авионот на Јат летав во официјална посета на Либија – изјави Неда за „Стар“.
– Тогаш, како делегација, имавме можност да се запознаеме со овој необичен, харизматичен државник и она што тој тогаш им го кажа на сите нас, за состојбата во светот и нашата распадната земја, сега се чини како пророштво – додаде Неда.
Фото: Инстаграм- Неда Украден