Каков малер го бие Тони Михајловски?

0

Добро познато е дека Тони Михајловски важи за еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски актери, водител на радио и телевизија, стендап комичар и режисер.

Како и за секоја јавна личност, така и за Михајловски од страна на јавноста постои голем интерес за неговиот приватен живот.

Јавноста го памети по неговите славни улоги во филмовите Буре Барут, Панкот не е мр тов, Трето полувреме, До Балчак, а игра и во хит серијата Сенки над Балканот, како и најновата серија која е исто како и претходната режирана од Драган Бјелогрлиќ, „Тајкун“.

Во едно претходно интервју за „Бекстејџ“ тој изјави: „Откако влегов во политика, луѓето ги сменија симпатиите кон мене.

Навистина ми е жал поради тоа, јас ги имам истите човечки квалитети кои ги имав и пред десетина години“, рече Михајловски.

Познато е дека тој е активен член на ВМРО- ДПМНЕ долги години. Како велат, крушата под круша паѓа, па така и синот на Тони, Александар е успешен глумец, а тој веќе е возрасен човек и фамилијарен од пред неколку години.

За приватниот живот на синот на Тони Михајловски, Александар, кој исто така како актер е дел од јавниот живот, многу малку е познато.

Па така, изненадување беше кога на почетокот од 2017 година ја објави веста дека се свршил со прилепчанката Ангела. Сега Ангела и Александар го имаат синот Матео.

Кога нешто убаво му се случува во животот, неговиот татко Тони тоа не сака да го сокрие и тогаш со сите сподели дека станал свекор, а неговиот син ставил крај на ергенскиот живот.

Она што е познато е дека актерот Тони Михајловски од 2011 година во брак е со Александра Јорева Михајловски. После две години врска тие ја крунисаа својата љубов, и заедно го имаат синот Максим.

Тони минатата година гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ и ги искоментира актуелните случувања со Бугарија.

„Ако ти тонеш, и сите други со тебе ги тонеш во канализациона дупка. Сите паѓаме во амбис.

На македонскиот народ ќе му се спојат жичките, ќе го надмине партискиот интерес, и ќе се бориме за она што ни е во заеднички интерес. Тито нас не спасил од Бугарија да бидеме искрени.

И ако ова за некого е говор на ом-раза, за мене е ширење на љубов. Ќе возваратам со иста мерка. Од мене блика љубов. Кај што има чад има и оган, а кај што е Зоран Заев, таму има по-жар“ рече Тони.

Тони ќе гостува во новото издание на „Еден на Еден“ со Жаре, судејќи според сторито кое е објавено на Инста. Сторито е снимено за време на еден опуштен муабет помеѓу водителот на емисијата и Тони, и во него Тони му се пожалил на Жаре дека го тераат малери.

– И мене овде искачање еден жуљ, едно ку рје око ако го памтиш, не можев да движам“, зборува Тони во ова видео.

„Секогаш кога Тони треба да ни гостува во Еден на Еден го бие некаков малер, а тој упорно ја прифаќа нашата покана за гостување“, пишува во описот на ова Инста стори.

Фото: Фејсбук- Тони Михајловски, Инстаграм Еден на еден, Јутјуб принсткрин

Претходна статијаВане Маркоски ги спакува куферите: Ќе се патува, време е
Следна статијаЗборуваа дека е во врска со познат светски политичар: Неда Украден ја кажа вистината