Не е само Германија: Италија, Франција, Белгија но и Шведска со нови мерки

0

По поширокото распространување на британскиот сој на вирусот во западна Европа, Германија пред точно две недели, одлучи да ја затвори границата со неколку земји, односно региони.

Германија на 14.02 оваа година, делумно ги затвори своите граници со Чешка, Словачка и австрискиот регион Тирол и покрај осудите од Европската унија.

Илјадници полицајци се мобилизирани за строги контроли на границата, што потсетува на првите денови од пандемијата, кога членките на ЕУ ги затворија своите граници, јавуваат локалните медиуми.

Фото: Јутјуб принтскрин

Според наводите на германската влада, во случајот на Чешка и Тирол, влез ќе биде дозволен за Германците, странците со живеалиште и престој во Германија, сезонски работници во земјоделството и медицински персонал.

Авиокомпаниите, железницата и автобуските компании веќе не смеат да превезуваат патници од Словачка во Германија. Исклучок се германски државјани и странци кои живеат во Германија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Германија ќе може да влезат и брачните партнери, животните придружници, малолетните деца и родители на малолетни деца, но само ако тие заедно ја минуваат границата со германските роднини.

Фото: Јутјуб принтскрин

Од забраната се исклучени и возачите на камиони и друг персонал во транспортот на стоки. Треба да биде дозволен влез и од ургентни хуманитарни причини, како на пример см рт-ен случај. Сепак, во сите случаи кои се исклучок од забраната, важат правилата за тестирање и карантин.

Вчера најава од повеќе европски земји за повторно целосно или делумно затворање, за борба против зголемувањето на бројот на нови инфекции и случаи од Ковид-19.

Франција, Италија, Шпанија и Португалија воведуваат нови построги мерки и нови затворања.

Строгите мерки остануваат на сила во Германија и Ирска, додека Шведска ги заостри мерките пред неколку дена, но тие сè уште не се толку драстични како во другите делови на Европа.

Франција овој викенд делумно ги затвора деловите погодени од новите жаришта, а тоа ќе го почувствуваат жителите на Ница и крајбрежјето на југ и север околу Денкерк.

Германија исто така се соочува со зголемување на бројот на заразени и таму се во сила строгите мерки, така што сите продавници, освен за храна, како и училиштата, рестораните, кафулињата и баровите, фризерниците, трговските центри … се затворени.

Фото: Јутјуб принтскрин

Чешка надмина 20.000 поч инати, болничкиот систем беше преоптоварен, а Парламентот во петокот не го одобри предлогот на Владата за продолжување на вонредната состојба во март, но малцинската влада на Андреј Бабиш веднаш прогласи нова вонредна состојба за 30 дена, која стапува на сила во денес.

Шпанија го задржа полицискиот час во сите делови на земјата најдоцна до мај, а на луѓето им е дозволено да одат надвор само за работа, образование и купување лекови или во случаи кога е потребна помош за стари лица и деца.

Во Белгија заклучувањето е продолжено до 1 април, додека неодамна беа воведени нови ограничувачки мерки и во Португалија.

Некои земји како Грција, Холандија, Данска, Италија и Хрватска се одлучија за делумно олабавување на мерките, главно по региони.

Претходна статијаТаа стана рано, за да ме испрати: Калиопи се сликаше со позната српска фолк пејачка
Следна статијаМаксим Димитриевски бара од Љубчо: Да го врати Македонското државјанство и да се извини