Таа стана рано, за да ме испрати: Калиопи се сликаше со позната српска фолк пејачка

0

Калиопи Букле е доста е активна на социјалните мрежи, особено откако започна пандемијата.

На Инстаграм, таа се дружи и со фановите, па често се вклучува во живо и им посветува внимание и љубов.

Музичката ѕвезда во life.ba откри по што ќе ги памети деновите во изолација и што научила од истата.

„Единствено ново што ми донесе изолацијата е ограничување на слободата и рушење на нормалниот систем на функционирање“ вели Калиопи и додава дека нејзината домашна рутина не е променета.

„Исто како и претходно сакам да ми биде чисто и средено, исто како и пред вирусот често ги мијам рацете, се грижам за личната хигиена, готвам со љубов, се грижам за моите најблиски.

Дури не дозволив да застане мојот креативен свет и мојот контакт со фановите“ вели пејачката.

За време на изолацијата, Калиопи заедно со својот тим смисли забавен, креативен натпревар наречен „Kaliopi Fan Art“ во кој натпреварувачите ги претставуваат своите таленти во пеење, свирење, танцување, цртање…

„Сега кога ќе се погледнам себе во својот дом, гледам дека тој нема повеќе 150m2, туку дека е поголем за илјада километри затоа што со својата љубов, волја, грижливост и со својата музика успеав да спојам луѓе од четири континенти“.

Таа откри што научила за време на изолацијата. „Ако некаде навистина сите сме биле исти и врзани за иста желба, тогаш тоа е сега, во ова светска изолација“, изјави Калиопи.

На крајот од минатата година, на својот 54 роденден, таа објави фотографија од себеси кога била мала и напиша:

Ако мене ме прашате, не ми е грижа за годините, затоа што таа, малата Опи уште живее во мене и ќе живее засекогаш“, напиша Калиопи.

По месеците поминати во Скопје и без настапи, таа на крајот од јануари објави слики од плажа, како боса чекори и ужива во морскиот воздух.

Но, сега Калиопи замина на уште едно патување, во нејзиниот омилен Белград.

На изненадување на фановите, таа стави слика со една пејачка на фолк музика, а тоа е Милица Тодоровиќ.

– Пред заминување. Мојата Милица Тодоровиќ стана рано поради мене, да ме испрати. Една од повеќето причини зошто ја сакам.

Белград, ќе ти се вратам повторно, наскоро“, објави Калиопи.

Фото: Инстаграм принсткрин

Претходна статијаНема смисла само јас да се сончам: Марија Шерифовиќ објави фотки од плажа од Калифорнија
Следна статијаНе е само Германија: Италија, Франција, Белгија но и Шведска со нови мерки