Претворањето на Аја Софија во џамија, за Ердоган е круна на 2020 година

0

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во месец јули минатата година, потпиша декрет со кој истанбулската Света Софија повторно ќе биде џамија.

Ердоган го потпиша указот откако турскиот Високиот административен суд ја поништи одлуката на Советот на министри од 24 ноември 1934 година за пренамена на Света Софија од џамија во музеј.

Турскиот претседател на Твитер го објави потпишаниот декрет истакнувајќи оти е донесена одлука контролата над џамијата Аја Софија да се предеде на турската верска дирекција и да се овозможи богослужба.

Руската православна црква изрази жалење што турскиот суд не ја зел предвид загриженоста на Христијаните. Тие се на мислење дека одлуката може да доведе до уште поголеми поделби, јавуваат руските медиуми.

Грчкото Министерство за култура соопшти дека пресудата на турскиот суд со кој музејот „Хагија Софија“ во Истанбул може да стане џамија е „отворена провокација“ за цивилизираниот свет.

„Одлука донесена како резултат на политичката волја на претседателот Ердоган, е отворена провокација за цивилизираниот свет, кој ја признава уникатната вредност и вселената природа на споменикот на културата“, беше цитирана министерката за култура Лина Мендони, која ја даде изјавата за Ројтерс.

Највисокиот турски управен суд, во јули донесе пресуда, дека и дозволува на владата да ја претвори истанбулската „Хагија Софија“ во џамија, поранешна византиска православна базилика што стана џамија по падот на Цариград во 1453 година под османлиска власт, а во моментов беше музеј, објави АП.

Државниот совет на Турција ја поништи одлуката на владата на секуларната турска влада на Кемал-паша Ататурк од 1934 година да ја претвори Хагија Софија во музеј.

Во новогодишното обраќање до нацијата деновиве, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја опиша својата контроверзна одлука да ја претвори Света Софија во џамија како „круна на 2020 година“, објави Greek Reporter, а пренесува порталот Во Центар.

Иако го признава разорното влијание на пандемијата со КОВИД-19 на светско ниво, како и огромните напори на Турција да се справи со пандемијата, сепак, Ердоган истакна дека за него фокусот на сите достигнувања во минатата година е трансформацијата на Света Софија од музеј во џамија.

Света Софија, која е заштитена од УНЕСКО како светско културно наследство, е едно од најсветите места за православното христијанство. Изграден е во шестиот век на местото каде пред тоа имало друга црква. До денес, Света Софија, е една од најдобрите преживеани примери на монументалната византиската архитектура.

По падот на Цариград во 1453 година, Света Софија била претворена во џамија и многу од скапоцените мозаици на ова место биле уништени. Подемот на секуларизмот во Турција, на почетокот на дваесеттиот век, предводен од Кемал Ататурк, заврши со трансформација на џамијата во музеј.

Одлуката на Турција за промена на статусот на културната локација повторно се соочува со широко распространета меѓународна критика. Многумина сметаат дека овој чин е додворување кон верските националисти од страна на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Претходна статијаДеветчлено семејство живее во 40 квадрати: Се бањаат во корито и сите спијат на три кревети
Следна статијаМилош го зел од отпад за 15 илјадарки, а сега вели: Кој сака да го има ќе мора да издвои голема сума пари