Статус на Фросина Ременски:
Русковска потсети дека, законска должност е на секој кој што има сознанија, а особено документи за сторено кривично дело од страна на кого било, мора да го пријави или во полиција или во Обвинитество, во спротивно самиот прави кривично дело“ (11.05.2020)
Ако обвинителката навистина го мисли ова и не го изјавува само декларативно, тогаш треба да одговори: Дали за непостапување на јавен обвинител во ОЈО ГОКК по кривични пријави и документи постои одговорност и кој е надлежен да постапува по тоа
Еве зошто:
Фамозниот проект „Опремување на лабаратории за високообразовни институции и јавни научни установи“ на МОН во вкупна вредност од 60 милиони евра, се спроведувал со многу фиктивни јавни набавки, фалсификување на службена документација, „подарување“ на софистицирана опрема на државни и приватни институции, прикривања, уништување на службена документација, фиктивни градежни активности и што ли уште не.
Во вршење на службена должност (продекан) открив, документирав и пријавив криминал од 2,4 милиони евра, за противзаконско опремување на МВР шреку злоупотреба на Факултетот за безбедност и со личен потпис на 04.04.2013 година во ОЈО ГОКК.
Поради што заедно со мои колешки бев суспендирана по нарачка на Гордана Јанкуловска, преку директно мешање во автономијата на Универзитетот ( https://lokalno.mk/bomba-19-transkript-4-magare-neka-stai-ama-ona-frosina-remenski-da-ne-e/). За други реперкусии од оваа пријава ми треба 3 дена пишување.
Еве ја хронологијата на пријави кон ОЈО ГОКК:
1.04.04.2013 година до ОЈО ГОКК, поднесена кривична пријава против три и други лица, поради основи на сомневање, дека сториле кривични дела од Кривичниот законик на РМ, Глава XXX – Злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 1, 2 и 5 со прилог од четириесет и четири (44) списи како доказ кон пријавата
2. 25.10.2013 година до ОЈО ГОКК, поднесено (прво) дополнување на кривичната пријава со нови сознанија и четиринаесет (14) нови списи како докази кон дополнувањето на пријавата, со опфат на уште две лица за кои постојат основи на сомневање дека сториле кривично дело.
3. 21.01.2014 година до ОЈО ГОКК, поднесено (второ) дополнување на кривичната пријава со нови сознанија и седумнаесет (17) нови списи како доказ кон дополнувањето на пријавата, со опфат и на други лица за кои постојат основи на сомневање дека сториле кривично дело,
4. 24.02.2014 година до ОЈО ГОКК , поднесено (трето) дополнување на кривичната пријава со нови сознанија и пет (5) нови списи како доказ кон дополнувањето на пријавата, со опфат и на други лица за кои постојат основи на сомневање дека сториле кривично дело.
5. 04.03.2016 година до ОЈО ГОКК , поднесено (четврто) дополнување на кривичната пријава со нови сознанија и девет (9) нови списи како доказ кон дополнувањето на пријавата, со опфат и на други лица за кои постојат основи на сомневање дека сториле кривично дело.
6. 26.06.2015 година до ОЈО ГОКК , поднесена е Уригенција во врска со обврската за јавните обвинители предвидена во член 275 Законот за кривичната постапка.
7. 26.06.2015 година до Советот на јавни обвинители на РМ поднесена е Претставка во врска со постапувањето на јавниот обвинител Гордана Смаќовска (без одговор);
8. На седница на Собрание за поставување на пратенички прашања во април 2018 година до Државниот јавен обвинител г-н Љупчо Јовевски поставив пратеничко прашање во врска со постапувањето по пријавата и дополнувањата и во врска со времетраењето на обвинителското постапување во предистрага по пријавата.
На прашањето добив писмен одговор од обвинителката Гордана Смаќовска во вид на опис на преповторувања на исти постапувања, без никаков конкретен показател за преземање на целосно ингеренции на јавниот обвинител и потврда за преповторување на веќе преземени дејствија (трипати се одземаат и издаваат потврди за одзамени (исти) предмети од Факултетот за безбедност – Скопје).
9. На 29.05.2019 година до Советот на јавни обвинители на РСМ поднесена е уште една Претставка/Уригенција во врска со постапувањето на јавниот обвинител Гордана Смаќовска (одговор познат, без постапување на ОЈО ГОКК).
10. На 30.05.2019 година побарав и остварив средба со Државниот Јавен Обвинител г-н Љубомир Јовевски на која побарав навремено, ефикасно и одговорно постапување на ОЈО ГОКК и обвинителката Гордана Смаќовска по сите поднесоци 2013-2019, со напомена дека, штетите и загрозеноста што ги трпев, заради постапување од јавен интерес се недозволени.
Непостапување по поднесена кривична пријава 7 година и 1 месец или 2.593 дена до денес (12.05.2020 година)
Прашања:
Постои ли одговорност за ЈО за овозможување на застарување на кривични дела со непостапување и пропуштање на службени дејствија и која институција одлучува за кривична одговорност на јавен обвинител од ОЈО ГОКК
Што презеде обинителката Гордана Смаќовска како шеф на Одделението за гонење на кривични дела сторени од полициски службеници и припадници на затворска полиција, по пријавата и доказите за незаконско опремување на Крим-техника при МВР, откако обвинителката Вилма Русковска ја постави на таа функција
За фактите во овој долг статус со години зборуваа релевантни организации (https://www.transparency.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=960&Itemid=57), сеуште има предмет во Државната комисија за спречување на корупција.
Новинари правеа истражувачки стории и добиваа награди (https://novatv.mk/afera-fakulteti-podaruvaat-oprema-za-sledenje-na-mvr/, https://makfax.com.mk/makedonija/novinarot-ljubisa-arsik-dobitnik-na-glavnata-nagrada-nikola-mladenov/), но до денес резултати нема.
Следниот пат кога, шефицата на ОЈО ГОКК ќе ги повика граѓаните да пријават криминал и ќе ги потсети дека, кривично ќе одговараат ако не го сторат тоа, нека ја отвори заклучената фиока во ОЈО ГОКК во која „дреме“ оваа пријава
Следниот пат со документи – оние од тајната предистражна постапка