Во Германија мерките завршуваат на 19 Април – Меркел објаснува дали земјата ќе се отвори

0

Денес во медиумите се појави вест дека Германија подготвила список на мерки, вклучително и носење маски, ограничување на собирање луѓе на јавни места и брзо следење на контролата на ширење на заразата.

Според властите, тоа ќе овозможи животот повторно да се врати во нормала кога ќе се укинат карантинските мерки на 19 април. Мерките се утврдени во нацрт-акцискиот план подготвен од Министерството за внатрешни работи.

Според него, тие ќе бидат доволни за да се гарантира ниско ниво на ширење на коронавирусот кога постепено се обновува јавниот живот.

За да се направи ова, треба да се воспостават механизми за да се следат повеќе од 80 проценти од лицата кои контактирале со заразено лице во рок од 24 часа по поставувањето на дијагнозата.

Училиштата ќе можат повторно да се отворат кога за тоа ќе одлучат провинциите, а граничните контроли ќе бидат олеснети.

Оваа информација многумина ја сфатија како порака дека на 19 април, Германија ќе ги укине комплетно мерките и ќе се отвори ја отвори економијата. Но подоцна во денот, канцеларката Меркел ги дообјасни работите.

Ангела Меркел изјави дека е многу рано за ублажување на мерките воведени со цел да се спречи ширењето на новиот коронавирус, додавајќи дека нејзината Влада би била лоша доколку сега го одреди датумот кога тие ќе бидат намалени.

На прашањето кога Германија ќе почне да ги ублажува мерките, со оглед дека Австрија денеска го најави својот план, Меркел на прес-конференција одговори дека Австрија во текот на целата криза била малку пред Германија.

Таа нагласи дека германската Влада би била лоша доколку сега размислува за датум, „бидејќи и понатаму се живее во пандемија“, потсетувајќи дека мерките се воведени до 19 април и тоа нема да се менува.

Германската канцеларка објасни дека за да се усвои одлука за ублажување на мерките е потребно да се исполнат повеќе критериуми, меѓу кои е стапката на репродукција на вирусот, како и „времето за двојно зголемување на бројот на заразени“.

– Направивме еден чекор напред во кризата, а за ублажување на мерките е многу рано, изјави Меркел, додавајќи дека Германија секако ќе се врати на „нормалниот живот“, штом тоа го дозволи здравствената ситуација.

Таа додаде дека во тек се разговори со експерти во врска со евентуално воведување на обврзно носење заштитни маски.

Заклиучокот може да биде дека Германија на 19 април ќе се отвори, само доколку моменталната ситуација со Корона вирус тогаш, го дозволи тоа. Деновиве гледаме мало намаливање на пикот во оваа земја, но дали тоа ќе остане така, останува да се види.

Претходна статијаТежок ден во Кочани: Згасна уште еден живот од Корона денес
Следна статијаСоопштение од црквата: МПЦ нема да го прекине литургискиот живот