Тежок ден во Кочани: Згасна уште еден живот од Корона денес

0

Министерот за здравство, Венко Филипче денес информираше дека регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1.

Еден од случаите пријавен од ЦЈЗ Куманово по место на живеење е од општина што припаѓа под Подрачната единица Крива Паланка. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 570 лица.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 3 пациенти. Почина пациент од Кочани на возраст од 40 години, хоспитализиран на 29 март на клиниката, без познати коморбидитети, пациент од Тетово на возраст од 69 години со претходни коморбидитети и уште еден пациент од Тетово на возраст од 65 години.

Од оваа клиника денеска се испишани 4 оздравени пациенти, а Институтот за јавно здравје информира за уште три лица во Дебар, кои по два контролни теста се негативни и истите се сметаат за оздравени.

Во изминатото деноноќие направени се 202 тестови. Од нив преку ИЈЗ- 168, преку Ветеринарен факултет –0, Авицена –11 , Биотек – 0 и Фипил Втори (Жан Митрев) – 23. Досега во земјата се направени 5.493 тестирања на Ковид-19.

Изразувам длабоко жалење и упатувам сочувство до семејството на починатиот. Жалам што болеста која го тресе светот однесе млад живот од нашата средина и остави болна празнина, ненадоместлива за најблиските – рече во пораката до семејството градоначалникот Николчо Илијев.

Бидејќи станува збор за прв см ртен случај во Кочани од појавата на КОВИД-19, Илијев изрази подготвеност за помош во организирањето на погребот, кој ќе се спроведе според посебна уредба.

КЈП „Водовод“ информира дека телото на покоен од коронавирус не смее да се внесува и да се излага во Градската капела. Тоа ќе биде транспортирано под посебен режим, а на чинот на погребувањето можат да присуствуваат најмногу пет лица.

Досега се евидентирани три жаришта на заразени од коронавирусот: во Кочани, Подлог и во Зрновци. Градоначалникот Илијев упати повик до граѓаните да не создаваат паника, туку свесно и дисциплинирано да се придржуваат кон пропишаните мерки, кои се суштински за спречување на заразата.

Како што дознаваме неофицијално, денес за жал уште едно машко лице од оваа општина го загубила животот од Корона Вирусот. Досега во Кочани беа потврдени 14 случаи, од кои 1 фатални, а се чекаат резултати за над 60 лица.

Претходна статија(ВИДЕО) Србите кои се во карантин на саемот со алкохол и фолк музика се лечат од корона
Следна статијаВо Германија мерките завршуваат на 19 Април – Меркел објаснува дали земјата ќе се отвори