(ВИДЕО) Васко Ефтов лупеше кромид во емисија и правеше анализа на ситуацијата во земјата

0

Нашиот најпознат новинар Васко Ефтов во својата вчерашна емисија ,,Во Центар”, правеше анализа на политичките случувања во нашата држава, во време на Корона вирус.

Ефтов ги пофали политиките, односно ПР стратегијата на СДСМ, промовирана од страна на нивниот нов ПР стратег, Коста Петров.

СДСМ одбра да ги ,,гали” граѓаните, да биде умерена партија, која во ова стресно време, нема да ги вознемирува дополнително граѓаните кои во ова време на корона вирусот се исплашени и загрижени за нивното здравје, вели Ефтов.

-Во моментов да го напаѓаш Венко Филипче е како да уринираш спроти ветрот, вели Ефтов. Зошто, затоа што во моментов на Филипче му веруваат 80 проценти од гласачите, наспроти само дваесет проценти кои не му веруваат.

Само доколку нешто се случи, да се зголемат енормно заразените и поч инатите во нашата држава, само во тој случај може да помине стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ за оцрнување на Венко Филипче.

Во спротивно, СДСМ ќе го промовира Филипче како најдобар министер за здравство на Балканот, кој најуспешно успеал да ја изменаџира оваа криза.

Филипче намерно беше изоставен од изборните листи и не беше меѓу двајцата носители во петтата изборна единица, вели Ефтов. Тоа најверојатно беше така, бидејќи можеби во оваа партија процениле дека државата ја очекува здравствена криза и не би било во ред министерот за здравство да тера политичка кампања, за сметка на здравјето на граѓаните.

Токму затоа, главна цел на ВМРО-ДПМНЕ во следната кампања за парламентарните избори, ќе биде Венко Филипче. Во оваа кампања, многу малку ќе се зборува за промената на името, туку главна тема ќе биде менаџирањето на актуелнава криза, рече Ефтов.

Покрај тоа што смета дека ВМРО-ДПМНЕ води лоша кампања и има лоша стратегија, Ефтов заклучува и дека на оваа партија и нејзиниот лидер Мицкоски им одговарало пролонгирањето на изборите, бидејќи, според него, доколку сега би се одржале изборите, ВМРО-ДПМНЕ би загубило.

Интересно беше што при правањето на овие анализи во емисијата, Васко Ефтов лупеше кромид и правеше споредба на разлистувањето на кромидот, со отворањето на државата од политички аспект.

Претходна статијаЦветановски: Eх, драги пријатели, да ви се пофалам дека сум успејал во животот – Тито Црничанец ме критикувал
Следна статијаФилипче денес информираше за помал број заразени, а се промовираше и апликацијата ,,Стоп Корона”