Филипче денес информираше за помал број заразени, а се промовираше и апликацијата ,,Стоп Корона”

0

Денес на прес конференција во Владата на РМ министерот за здравство Венко Филипче и министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски, ја промовираа апликацијата ,,Стоп Корона”, која ќе го детектира сопственикот на апаратот и неговите контакти.

Манчевски апелираше да се симне оваа апликација и притоа потенцираше дека таа нема да задира во личните податоци на корисникот, ниту пак овие податоци било кој ќе ги користи:

-Целта на апликацијата е пред сè оние кои се тестирани и позитивни, да се види со кого биле во контакт, рече Манчевски, односно ова ќе биде силен адут во ублажување на пикот од заразата кој го очекуваме, истакна министерот Филипче.

Директорот на апликацијата која ја разви оваа апликација, Кроневски, информираше дека апликацијата ја донирале на државата, дека таа ќе троши многу малку енергија од телефонот и дека е апсолутно безбедна за користење од аспект на заштита на лични податоци.

-Ние сме многу среќни што без никаква најава, од пуштањето вчера, веќе пет илјади луѓе ја симнале апликацијата на своите телефони, рече Манчевски.

Претходно министерот Венко Филипче на својот профил на социјалните мрежи, информираше за најновата состојба со Ковид-19 во нашата држава:

Во изминатото деноноќие се потврдени 26 нови случаи на Ковид 19 и со ова бројот на заболени во земјата се искачи на 854 дијагностицирани пациенти.

По градови: Скопје – 4, Куманово – 11, Прилеп – 3, Тетово – 4, Велес – 2, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79г), пациент од Велес (58г), пациент од Прилеп (67г) и уште еден пациент од Скопје (63г).

Прес-конференција на МИОА Манчевски и МЗ Филипче

[🔴Во живо] Прес-конференција на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот за здравство Венко Филипче.

Публикувахте от Венко Филипче в Понеделник, 13 април 2020 г.

Претходна статија(ВИДЕО) Васко Ефтов лупеше кромид во емисија и правеше анализа на ситуацијата во земјата
Следна статијаБојко Борисов повторно со лекција за богатите газди во Бугарија кои сакаат да бркат работници