Во Велика Британија од четврток ќе започне тестирањето на вакцината против вирусот Ковид -19 на луѓе, изјави британскиот министер за здравство Мет Хенкок.
Тој додал дека вакцината ја развиле научници од Универзитетот Оксфорд , и дека таа има 80 проценти за успех.
За ова истражување ќе бидат издвоени 20 милиони фунти , изјави британскиот министер Хенкок, пренесе Скај Њуз.
Тим од Институтот Џенер на Оксфорд започнува со производство на вакцината пред тестирањето да биде завршено за да се обезбеди доза од 1 милион вакцини до септември.
Хенкок истакнал дека развивањето на вакцината „е несигурна наука“ , но дека два тима постигнале „брз напредок“ и дека тимовите целосно ќе бидат подржани од Владата.
-Во исто време ќе вложиме во производството , така да ако било која од овие вакцини делува , таа ќе им биде достапна на Британците што побрзо, изјавил Хенкок, но предупредил дека во овој процес ништо не е сигурно.
Вакцината наречена „ ChAdOx1 nCoV-19″ е направена од безопасен вирус од шимпанзо кој генетски е конструиран да носи дел од корона вирусот . Оваа техника веќе покажала да создава силни имунолошки одговори кај другите болести.
Договор за производство на вакцината веќе е постигнат со три производители во Велика Британија и уште неколку во другите земји.
Професорката Сара Гилберт од Универзитетот Оксфорд изјавила дека се надева дека до 500 лица ќе бидат дел од тестирањето до средината на мај и дека самото истражување ќе биде целосно контролирано.
Македонецот Борко Андреевски кој живее во Англија е дел од напорите на Велика Британија да најде вакцина против Ковид-19.
Тој е еден од учесниците во пробнотите тестирања за новата вакцина.
Иако на дневниот брифинг во Даунинг стрит беше кажано дека во четврток ќе почнат испитувањата врз луѓе на вакцина против коронавирусот, сепак се чини дека тестирањата се веќе почнати, Андреевски во коментар на текст на Би-Би-Си го сподели искуството и постави видео од себе непосредно по извршениот тест.
(ВИДЕО) Македонецот Борко волонтер за тестирање на вакцината за Ковид19
(ВИДЕО) Македонецот Борко волонтер за тестирање на вакцината за Ковид19
Публикувахте от Економски Лидер в Вторник, 21 април 2020 г.