Мајка со бебе од Кочани која е на Инфективна: Кого лажете за добра комуникација, доктор и пациент

0

Александра Ангелова од Кочани која со своето бебе лежи на Инфективна во Скопје со реакција:

Ма какво менаџирање, каков способен здравствен систем, БРАВОО! Не знам ни сами дали си верувате во бајката . Кога и човек како мене со челични нерви успеавте да го изреволтирате. Кого лажете за добра комуникација, доктор и пациент?

Да лежиш 15 дена на инфективна клиника и еден доктор да не ти каже резултати, ни зошто примаш терапија и зошто те боцкаат? Кога прашуваш за вода да ти кажат дека се потрошила донацијата, а на телевизија кажувате бебе на посебна исхрана. Каква е таа посебна исхрана???

Три дена да ти велат дека ќе земат брис на бебето а не земаат. Гајле ви е дали има чиста облека или парно за доколку испереш нешто да се исуши?

Да ти кажуваат спреми се, си одите, а за 15 минути да дојде друг да ти рече, не си одите? Еден со друг не сте усогласени и зборувате за добро менаџирање.

Две недели еден доктор ме преслуша и сега наеднаш здраво бебе ќе чека да си оди, бидејќи на вас сега ви текна да и земете крв на мајката, за која некои од докторите не знаеја ни дали е хоспитализирана.

Со чии нерви си играте Вие? Вие штом не можете на крај да излезете со стабилните пациенти, Господ нека им е на помош на критичните.

Единствено големо браво за педијатарот, целосно посветена и одговорна. Сечие трпение и сечија истрајност има крај. П.С. Додека Ве слушав на телевизија и јас верував во вашата БАЈКА

Претходна статија(ВИДЕО) Македонецот Борко е меѓу првите кој прими тест вакцина против Корона
Следна статија(ВИДЕО) Градоначалникот на Куманово низ солзи крајно емотивно: Страшни дворски игри