Цела земја во борба против невидливиот непријател: Рускиот претседател им порача на граѓаните дека многу добро ги разбира и дека е тешко цело време да се поминува меѓу четири ѕида, но дека сега тоа е неопходно, за да може цела земја да се избори со заразата.
Како што тој соопшти, режимот за самоизолација е потребно да се истера докрај, бидејќи успехот во борбата против вирусот лежи токму во дисциплината и одговорноста.
“Се изморивте, врз вас падна голем терет од финансиски и други животни проблеми. Нарушен е вашиот животен ритам.
За многумина долготрајниот престој дома е мачен и досаден. Меѓутоа, немаме избор!”, нагласи тој.
“Знаете ли што е уште исклучително важно, тоа што сме како народ обединети. Говорам за докторите и медицинските сестри кои работат несебично, како еден тим. Првпат во последните неколку децении почувствувавме колку е важна нивната улога.
Говорам и за волонтерите, доброволците, чиј број секојдневно расте, но и за спортистите, уметниците, новинарите, кои исто така се вклучија во целата оваа борба против епидемијата”, нагласи тој.
Рускиот претседател во своето обраќање кажа дека и покрак милионите граѓани кои исто така, покажуваат грижа кон своите соседи, членовите од семејството, родителите, покажуваат исклучително висока цивилна одговорност.
“Сè ќе помине”, вели тој. “Ова не се обични зборови, туку реалност во која живееме, која од нас го бара најдоброто што го поседуваме во себеси”, додава тој.
Путин на своите граѓани им рече дека сето ова што се случува ќе помине, како и сè друго што поминува.
“Драги пријатели. Сè поминува, па и ова ќе помине. Не е првпат нашата земја да минува низ сериозни и тешки предизвици. Нè напаѓаа многумина, но Русија секогаш знаеше како да излезе на крај со сите нив.
Ќе ја победиме и инфекцијата од корона вирусот. Заедно сè ќе победиме. Ви благодарам, да се фатиме за работа”, на крајот заклучи претседателот. Путин во текот на обраќањето ги изнесе сите мерки, како економски така и социјални.