Доктор Вело Марковски – инфектолог, професор на медицинскиот факултет при универзитетот Гоце Делчев во Штип , поранешен директор на инфективната клиника во Скопје е доста чест гостин во медиумите поради корона вирусот.
„Кога завршува една епидемија со грип или со некоја друга респираторна инфекција? Кога ќе имаме доволно популација која ќе има антитела, која го прележала.
Значи, кога ќе почнат да се судираат новоинфицирани кога ќе треба да го пренесат причинителот на друг, тој веќе е отпорен или не му го зема и тогаш таа епидемија завршува.
Сега може да се најдеме во состојба предолго да седиме, та дури и тие што го прележале да ги изгубат тие заштитни имуноглобулини и евентуално наесен повторно ни се врати вирусот и да биде повирулентен и да има пошироки размери, вели Марковски.
Уште на почетокот кога корона вирусот пристигна во нашата држава, даде интересна анализа за корон вирусот, за начинот на кој се пренесува и опасностите кои ни ги носи.
Тој тврди дека лекарите прават грешка во пристапот на заболените од корона вирус, а како доказ ги споменува Кина и Италија, каде како што вели респираторите повеќе згасиле, него што спасиле животи.
За користењето на респираторите и дали има начин да се избегнат за пацинетите заболени со корона да не дојдат до интубација инфектологот Вело Марковски за Алфа кажа, лекарите во многу ситуации избрзуваат со ставањето на пацинетите на респираторна машина и апелира- најдобро е максимално и колку е можно повеќе да се даде шанса на организмот сам да се избори со вирусот.
„Респираторот не може да се избегне затоа што колегите ако ги почитуваат принципите кои ги рековме. Ако чекаат организмот до последно сам да се бори.
Сега ние имаме пациентот дише и организмот идеално си компензира со која длабочина и со која брзина ќе дише. Меѓутоа во одреден момент ќе декомпензира тој механизам и пациентот паѓа со многу низок процент на кислород во крвта и е витално загрозен.
Тогаш мора да се проба со респиратор, тоа не е дека некој сака да постави на респиратор. Меѓутоа советот е да се чека да се даде што поголема шанса самиот пациент да се избори со оваа состојба. Да се чека максимално подолго да се даде шанса организмот сам да се избори: