Д-р Вело Марковски во емисијата „Само Вистина“, на Канал 5 Телевизија изјави дека пикот што го планирала Комисијата за заразни болести (КЗБ) не е достигнат, односно дека и тој бил со ниски параметри од 2000 заразени.
„Засега одлично се справуваме, добро поминуваме, меѓутоа треба да видиме како ќе излеземе. Сметам дека ние одевме со построги мерки отколку што беше препорачано од СЗО, дури и од земјите кои беа повеќе погодени. Сега сме можеби свесни дека премногу стегнавме, но сепак ја растегнавме кривата“, смета Маркоски.
Тој додаде дека е загрижен поради тоа што имаме малку колективен имунитет од 0,1 посто и дека не се сложува со изјавите на КЗБ дека ќе има втор пик на болеста.
„Ако одиме кон тоа дека ќе имаме втор пик, тогаш овие мерки се бессмислени“, изјави докторот.
Според него, пандемијата од грип е сосема друга работа и не треба да се споредува со коронавирусот.
„Коронавирусите нема да одат во три бранови и КОВИД-19 треба да се спореди со моделот на Сарс. Сарсот се повлече после три месеци, со смртност од 10-11 проценти. Лично сметам дека следната зима ќе имаме коронавирус, но чисто се сомневам дека ќе биде вирулентен како сега. Ќе биде на ниво на сезонските алфа-коронавируси, кои најчесто се карактеризираат со настинка“, вели Маркоски.
Оваа паника е создадена од СЗО, исфорсираа тестови кои не се меродавни за следење на инфекциите, не предложија користење на серолошките тестови на антитела и донесеа строг став да се затворат сите држави и да не се излегува надвор. Па, ние во средниот век сме имале повеќе можност да патуваме отколку сега, вели професорот д-р. Вело Марковски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
Низ светот луѓето се повеќе исплашени од што треба. Во истиот период од 3 месеци само од сообраќајни несреќи имаме 300.000 по чинати во светот, па не значи дека да направиме мерки никој да не вози.
Ние станавме заложници на овој модел што го избравме и сега треба да продолжиме. Тој е во ред, само ако Комисијата за заразни болести има стратегија дека некаде кон крајот на мај вирусот сам ќе се повлече, вели Марковски.
Тој смета дека сега не можеме да одиме на колективен имунитет, а доколку одевме на полабави мерки ќе имавме околу 10 отсто од населението во контакт со вирусот.
Вакцината како опција не е реална затоа што не знаеме кога ќе се создаде и затоа сега одиме на тоа дека вирусот природно ќе ссе повлече. Сепак, прашањето е што доколку се продолжи со овој модел уште три месеци, од економски аспект?, додаде професорот.
Тој нагласи дека од сезонските грип има повеќе починати во светот, отколку од коронавирусот и дека лошо е што оваа болест се споредува со моделот и бројките на грипот.