Србите ја прозиваат д-р Дарија, а итно се огласи Зорана Михајловиќ: Жестока порака упатена до сите

0

Во нашето соседство, состојбата со Корона вирусот е слична како кај нас. Во Србија има 1060 заразени, Хрватска 960, Босна 457 и.т.н.

На конференцијата за новинари која се одржа пред неколку дена во Србија, доцент д-р Ивана Милошевиќ, заменик на директорот на Клиниката за инфективни и тропски болести КЦС, одговараше на новинарски прашања, а едно од нив беше следното:

“Што да прават луѓето кои имаат малку покачена температура и болка во грлото, односно, симптоми кои може, а не мора, да укажуваат на корона вирусот?”

-Она што потенцијалните пациенти треба да го направат, е пред сè да се јават кај својот матичен лекар. Не смееме да заборавиме дека Здравствените домови со одредени здравствени пунктови се вклучени во дијагностика на овие болни и дека тоа е првото место каде што треба да се јават пациентите.

Но и во Србија, исто како и кај нас, народот не сака да слуша луѓе кои им ги соопштуваат реалните факти, податоци, а кои во моментов се неповолни.

Потпретседателката на Владата на Србија и претседателка на Координативното тело за родова рамноправност Зорана Михајловиќ најостро ги осуди нападите и навредите кои овие денови кружат во јавноста и на социјалните мрежи, а упатени кон епидемиологот проф. д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

“Крајно се недозволиви и за секоја осуда секојдневните се*ситички и мизогини изливи на напад врз д-р Кисиќ.

Во денови кога се бориме да го сочуваме животот на секој граѓанин и граѓанка, а со тоа и нашата земја, да се занимавате со тоа кој и што облекол и како говори, е неумесно”, изјави Михајловиќ, а се наведува во соопштението.

Таа додава дека д-р Кисиќ е професионалец, жена со сериозни меѓународни референци и искуство кое е значајно во ситуацијата во која се наоѓаме.

“Мислам дека многу поважно од навредите, е во овој момент да покажеме солидарност и единство. Државата, во чиј тим е и д-р Кисиќ, се обидува проблемот што го погоди целиот свет, да го реши на најдобриот можен начин, со што помалку последици.

Најпрво да го сочуваме здравјето, бидејќи тоа е приоритет број еден”, заклучи Михајловиќ.

Претходна статијаГоце Андревски од Канада: Економиите до крај на април ќе се отворат – еве што мора да направи Македонија
Следна статијаЛекарите сега советуваат што повеќе да внесувате витамин Ц: Ова е препорачана дневна доза