Прва држава која јавно откри како се бираат луѓето кои ќе бидат ставени на респиратори

0

Како што се шири пандемијата на коронавирус (бројот на пријавени случаи надминува 2,2 милиони), државите ширум светот се обидуваат да дојдат до дополнителна медицинска опрема потребна за спасување на животи.

Експертите предупредуваат дека оваа пандемија може да ги погоди земјите кои немаат опрема и инфраструктура, или оние со послаба здравствена заштита.

На пример, Јужен Судан има само четири респиратори и 24 кревети во интензивен оддел за 12 милиони жители. Ова значи дека има еден респиратор на три милиони луѓе.

Буркина Фасо има 11 респиратори, Сиера Леоне 13, Средноафриканската Република 3, додека Венецуела има 84 кревети во единицата за интензивна нега со население од 32 милиони жители.

„Веќе бевме сведоци на пандемија што брзо ги совладува здравствените системи во земји со релативно напредна здравствена заштита“, рече за „Си-ен-ен“, Елинор Раикс, раководител на Меѓународниот комитет за помош.

Мексиканските власти објавија официјални упатства за одлука кој ќе биде ставен на респиратор и и кој нема, во случај на полни болниц што доби бројни критики од револтираниграѓани.

Документот „Упатства за трагирање и распределување на ресурси во одделенијата за интензивна нега“, донесен за време на вирусот короna пандемија, го фаворизира медицинскиот персонал, а потоа му дава приоритет на животниот век, пренесува Дојче веле.

Колку е постар пациентот и колку повеќе хронични заболувања имаат, толку е помала веројатноста да добијат респиратор.

Бремените жени, бидејќи станува збор за заштита на најмалку два животи, имаат поголема веројатност да добијат апарат за дишење ако им треба.

Тешко болниот медицински персонал директно вклучен во борбата против пандемијата има апсолутна предност.

Религијата, економскиот статус, националноста, полот, инвалидитетот, политичката посветеност и времето на хоспитализација немаат никакво влијание во постигнувањето. Не е важно дали пациентот е опфатен со здравствено осигурување или не.

Според официјалните податоци, мексиканскиот здравствен систем има 6.175 респиратори и 4,291 кревети во единиците за интензивна нега. Планирани се дополнителни 3.000 легла од приватниот сектор.

Вирусна инфекција е потврдена во Мексико кај 6.297 лица, од кои 486 починале.Се проценува дека на повеќе од 10,000 пациенти можеби ќе им треба интензивна нега во наредните недели.

Заменик-министерот за здравство на Мексико, Уго Лопес Гател, рече дека упатствата ќе се спроведат само доколку капацитетите ги достигнат своите ограничувања и пациентите не би можеле да бидат пренесени во други болници.

Претходна статијаНашите соседи повторно негодуваат за еден од најдобрите македонски филмови
Следна статија(ВИДЕО) Во центарот на Подгорица ечеше големиот македонски хит – Македонско девојче