Прв од Европските лидери се огласи Макрон и објави до кога ќе трае карантинот во Франција

0

Европјаните се во неизвесност до кога ќе траат мерките во земјите од ЕУ, кои се спроведени како резултат на борбата против Корона вирусот. И не само европјаните, туку и луѓе од балканот кои се на привремена работа во западно европските држави.

Бидејќи, многумина останаа без работа, без основни средства за егзистенција, особено оние кои работеа во угостителството, туризмот и транспортните дејности.

Францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиското обраќање до Французите соопшти дека ограничувањата, кои стапија на сила на 17 март, ќе траат до понеделник 11 мај, под услов да се почитуваат истите.

Во своето четврто обраќање, од почетокот на епидемијата, шефот на француската државата започна со овие зборови:

-Живееме во тешки денови. Благодарение на нашите напори, напредуваме секој ден. Нашиот здравствен персонал, нашите војници, нашите пожарникари, нашите фармацевти издржаа. Француските болници успеаја да ги лекуваат сите.

Потоа тој им честиташе на сите што се „на фронтот“ против вирусот: здравствени работници, државни службеници, војници, пожарникари и фармацевти.

Уверувајќи дека ситуацијата е сè уште многу затегната во регионот Гранд Ест и во Ил-де-Франс, претседателот посочи дека „епидемијата сè уште не е под контрола“.

-Ова е причината зошто најстрогото ограничување мора да продолжи до понеделник, 11 мај. Ова е услов за дополнително забавување на напредокот на вирусот , нагласи Макрон.

Според него, 11 мај ќе биде почеток на нова етапа и нова организација, целта е да се заштити здравјето на сите Французи, најавувајќи дека  училиштата, градинките етапно ќе се отворат. Сепак, тој сакаше да биде претпазлив за овој датум:

-Понеделник, 11 мај, ќе биде можно само ако продолжиме да бидеме одговорни и ако ширењето на вирусот всушност продолжи да се забавува.

Правилата за задржување нема да бидат променети во овој момент, но тие мора да бидат „целосно имплементирани“, рече тој. Тој исто така увери дека овие правила мора да бидат исти на целата територија. Францускиот претседател најави дека помошта за поединците и претпријатијата ќе продолжи и понатаму.

Претходна статијаСашо Тасевски: Само голтате бумбари – нека заврши коронава, ќе сфатите што зборам
Следна статијаЧетирите места на кои со сигурност ќе бидете безбедни од Корона вирусот