Маска на иднината: Ќе чини 30 евра а ќе може да се употреби 100 пати

0

Германското правосудство откри голема измама со неисполнета достава на околу десет милиони заштитни маски за 15 милиони евра во Северна Рајна-Вестфалија, соопшти обвинителството во Траунштајн.

Две дистрибутерски компании од Хамбург и Цирих требале да достават маски на властите во најпогодената област во Германија, Северна Рајна-Вестфалија.

Компаниите сепак станале жртви на измамници. Тие однапред платиле околу два милиони евра на сметка на наводна компанија за испорака, но маските не пристигнале.

Кога измамата била откриена, надлежните од Северна Рајна-Вестфалија веќе имале уплатено сума од 14.7 милиони евра на дистрибутерските компании, но успеале да ги вратат паритe.

Со оглед на тоа дека новата болест примарно е болест на респираторниот систем, заштитната маска за лице не е површина до која не може да дојде вирусот. Замислена е како средство кое го штити лицето на тој што ја носи од вдишување на ситните капки кои се исфрлаат кога некој болен ќе се накашла или ќе кивне. И се разбира, обратно – ги штити луѓето во околината кога тој што ја носи ќе кашла или ќе кива.

Бидејќи примарниот материјал од кој се прават маските е ткаенина, ново истражување објавено во научното списание Lancet открива дека честичките на маските за лице може да преживее до седум дена. Зачудувачки, но траги може да се најдат на заштитните маски дури и на седмиот ден, наведуваат авторите на студијата.

Властире ширум светот советуваат заштитните маски да се носат постојано додека трае пандемијата на корона вирусот за да се заштитат од заразата. Сепак, недостигот од N95 маски многумина натера да импровизираат – од марами, делови од стари маици, марамчиња итн. Без оглед на тоа од каков материјал се направени, на сите нив капките можат да живеат до една недела.

Француски индустријалци и научници најавија дека ќе започнат со производство на нов вид заштитна маска од коронавирусот, која може да се користи 100 пати без замена.

Маската, според Франс енфо, ќе се понуди на пазарот по малопродажна цена од околу 30 евра.

Меѓу истражувачите и експертите вклучени во проектот биле вработени во познатата „Мишлен“ (Michelin) и Центарот за атомска и алтернативна енергија (ЦЕА), кои основаа нова компанија наречена „VOC-Cov“.

ЦЕА ги стави на располагање своите научни и истражувачки ресурси, додека „Мишлен“ беше одговорна за изработка на прототипот на маската.

Пробна серија од 5.000 маски е веќе во фаза на изработка, а првите парчиња се очекуваат следната недела.Планирано е да се произведат околу еден милион маски неделно ако пробната серија успее.

Претходна статијаСимона Арсовска: Нашиот живот запре овие две години, живееме крајно скромен живот, не сме виделе кафана, не сме виделе кафич ниту забава
Следна статија(ВИДЕО) Бојко Борисов: Уште денес праќам помош за браќата во Северна Македонија