,,Ќе важат ли законите за сите Претседниче?” – Ќе оди ли Вучиќ во изолација

0

Во Србија во изминативе 24 часа регистриран е еден см ртен случаи, со што вкупниот број на починати изнесува 66 лица, јави дописникот на МИА од Белград.

– Од починатите лица 49 се од машкиот пол и 17 се жени, со просечна возраст од 64,3 години, додека вкупната смр тност во однос на заразените изнесува 2,03 отсто – изјави на денешната владина прес конференција членот на кризниот штаб, лекарката Дарија Кисиќ.

Во изминатите 24 часа е зголемен и бројот на тестирани, 1.584 лица, од кои регистриран е 201 нов позитивен случај на заразната болест, со што вкупно заразени во Србија има 2.867 лица.

-Досега вкупно се хоспитализирани 1.907 пациенти, од кои 117 лица се тешки случаи и се ставени на респиратор, кажа Кисиќ. Вкупниот број на тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 12.347 лица.

На Белградскиот саем кој има капацитет од 3000 кревети досега се сместени 164 лица, на Новосадски саем со 1000 кревети има 48 пациенти и спортскатa сала Чаир во Ниш со 256 кревети има 229 пациент со лесна клиничка слика на епидемијата.

Во Клиничкиот центар на Србија (КЦС) денес е завршена изградба на специјалната Ковид 19 лабораторија, која ќе може да изврши 2.000 тестови на ден.

-Ова е нова лабораторија за молекуларно откривање на заразни агенси, која е изградена во КЦС. Потребната опрема и уреди за викендот се очекува да пристигнат од Кина, а веднаш потоа, лабораторијата ќе започне со работа и со капацитет од 2.000 обработени примероци на ден значително ќе придонесе за побрза дијагностицирање на коронавирусот, изјави министерот за здравство Златибор Лончар.

Српската Влада денеска донесе одлука со која полицискиот час се продолжува и ќе важи од петок во 17 часот до 5 часот во понеделник (60-часовен карантин), наместо досега од сабота во 13 часот до понеделник во 5 часот наутро.

Претседателот на Србија соопшти дека неговиот син Данило е примен на Инфективната клиника.

Синот на претседателот на Србија, Данило Вучиќ, е заболен од коронавирусот, беше објавено на Инстаграм порфилот на претседателот на оваа земја, Александар Вучиќ.

–Кога сè започна, мојот син Данило ми рече дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заболен од коронавирусот, а клиничката слика му е таква што беше примен на Инфективната клиника. Сине, ќе го победиш ти тоа. Те сака твојот татко, те сакаме сите, напиша Вучиќ вчера.

Српските новинари на денешната прес-конференција во Белград ги прашаа здравствените власти дали протоколот за изолација ќе важи и за шефот на државата, како и дали Вучиќ ќе биде тестиран и ќе помине 14 дена во самоизолација.

Одговор на ова прашање даде д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, која истакна дека протоколот важи за сите и дека вирусот не прави селекција.

–Протоколот е ист за сите, вирусот не прави селекција. Каква е процедурата зависи од тоа дали личноста била во близок контакт со заразен пациент. Во таа насока се прават сите натамошни процедури. Во случајов сè зависи од тоа дали претседателот бил во контакт со својот син во периодот на заразата – изјави Тепавчевиќ.

Според последните информации, во последните 24 часа во Србија се регистрирани 201 лица, а вкупно се позитивни 2.867 луѓе. Тестирани се 1.586 лица од кои 201 се позитивни. Хоспитализирани се вкупно 1.709 пациенти, а на респиратори се наоѓаат 127 лица.

Претходна статијаКорона влезе и во Шутка, а Филипче ги разреши дилемите кои се шират по социјалните мрежи
Следна статијаБраво царе – Жаре ,,еден на еден” го имитира Миленко Неделковски (ВИДЕО)