Германија: За вакцината против Корона ќе почекаме, но лекот ќе дојде многу побрзо

0

Подолу ќе прочитате за прогнозата на Германците, кога би била достапна вакцина за Корона, но во моментов уште поважно, кога би можело да има медикамнтозна терапија.

Покрај здравствените дилеми, светските аналитичари, прават прогнози и за економските последици од оваа криза. Би Би Си наведе неколку земји кои имаат голема шанса да ја одржат економската стабилност и покрај кризата предизвикана од коронавирусот.

Десет држави со најголеми шанси за брзо закрепнување се Норвешка, Данска, Швајцарија, Германија, Финска, Шведска, Луксембург, Австрија, земјите од Централна Америка и Велика Британија.

Високо на листата се Сингапур, САД, Руанда и Нов Зеланд. Сингапур има навистина моќна економија, низок политички ризик, добра инфраструктура и низок степен на корупција. Руанда има голем скок во индексот последните неколку години, односно својата позиција ја подобри за 35 места на листата и сега го зазема 77. место во светот.

Нов Зеланд брзо го запре ширењето на вирусот, затворајќи ги границите за меѓународни патници на 19. март.

Од регионот најдобро рангирана е Хрватска. Таа се најде на 37-то место, потоа следи Словенија (42), Грција (56), Србија (63), Албанија (95). Македонија на оваа листа е на 100-то место.

Министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан, изразил надеж дека во лечењето на COVID-19 наскоро ќе може да се користат лекови со целно дејство, бидејќи, како што е уверен, на пазарот пред вакцината ќе се појави лекот.

Постојат први показатели дека одредени лекови, изгледа помагаат, рекол Шпан за Bild и додал дека мора што побрзо да се направат истражувања.

Меѓутоа, укажал дека мора да се води сметка, бидејќи пациентите мора да бидат заштитени, со оглед на тоа дека секој лек има и нус појави.

Шпан истакнал дека во Германија веќе постојат низа истражувања, па така и за “стариот” лек против маларија “Ресохин” на фармацевтскиот концерт “Bayer”.

Развојот на вакцината е поголем предизвик. Лекот против маларија го знаеме веќе со години и децении. Тука го знаеме и делувањето и нус појавите, рекол Шпан, додавајќи дека тоа сега мора да биде анализирано и за лечење на коронавирусот.

Кога станува збор за производството на вакцината, се работи за повеќе месеци, а на само неколку.

Би бил најсреќен министер за здравство во светот ако во три до шест месеци имаме вакцина. Но, јас сум реалист и доволно ме советуваа експертите за да знам дека тоа може да трае и 12 месеци. Поради тоа во политиката не смееме да будиме лажна надеж, нагласил Шпан.

“Bayer” соопштил дека во Европа треба да се создадат можности за производство на “хлорокин”, кој може да биде важен во борбата против коронавирусот.

Претходна статијаДац: Не знам што ќе се прави, еве ја едвај се влече
Следна статијаВенко Филипче откри дали досега се има тестирано од Корона вирусот