Вучиќ до Србите во дијаспората – не доаѓајте за Велигден, тоа ќе биде крај за нас

0

Движењето на луѓето од една во друга земја, особено по воздушен пат, предизвика за брзо ширење на Корона вирусот. Кај нас првиот случај на заболена, беше токму жена што со комбе дојде од Италија.

Денес информациите се дека одредени авиони, само што полетале, или на половина од нивниот пат, добиле наредба да се вратат на аеродромот од каде што полетале.

Завчера Американскиот претседател Доналд Трамп, нареди да се откажат сите летови од Евроап кон Америка, со исклучок на оние од Велика Британија.

Министерството за надворешни работи, врз основа на официјалните мерки и препораки, упатува апел до сите државјани на Република Северна Македонија кои живеат или престојуваат во земјите со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во Северна Македонија во овој период.

Македонското министерството за надворешни работи пред неколку денови, преку дипломатско конзуларните претставништва упат апел во целост да се почитуваат и следат официјалните владини мерки и препораки, како и да се ограничат патувањата на минимално ниво.

Пред се ова важи за нашите државјани кои ги има во голем број во држави како Италија, Германија, Франција, но и Шпанија кои се високо ниво на ризик. Во оваа група спаѓаат и Кина, Иран и Јужна Кореја каде бројот на Македонци е незначајно мал.

Рестрикции за странските државјани кои доаѓаат во земјава, се воведуваат како последица на коронавирусот.

Денес, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја повика српската дијаспора да не доаѓа за време на велигденските празници како превенција од ширењето на коронавирусот.

Вучиќ рекол дека во тој период се очекува пикот и дека доаѓањето на заразени луѓе би бил најтешкиот удар за Србија и народот.

„Тоа би било крај за нас. На различни начини ќе се обидеме да го спречиме тоа, ако треба и со целосна блокада на границите. Најголем предизвик за нас ќе бидат католичкиот и православниот Велигден. Ги молам нашите луѓе во дијаспората да разберат и да не доаѓаат во нашата земја“, рекол Вучиќ.

Претходна статијаД-р Харис: Апелирав, но јас сум немоќен – во петокот на ,,Џума” отидоа и мои роднини
Следна статијаФилипче се огласи и ги расчисти сите дилеми по последните написи во дел од медиумите