Во многу земји се воведени овие мерки – која е разликата меѓу вонредна и кризна состојба

0

Деновиве во Македонија најпомнувани термини се кризна и вонредна состојба. Кризна веќе постои во делот на Дебар, а извесно е дека ќе се прогласи и вонредна состојба доколку бројот на заразени од корона вирусот се зголеми. Малкумина знаат што е кризна, а што вонредна сотојба и во што е разликата.

Кризната состојба не може да трае подолго од 30 дена, а доколку има потреба да се продолжи владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот. Но во нашиот случај тоа е проблем бидејќи Собранието е распуштено поради изборите кои требаше да се одржат на 12 април.

Вонредната состојба е покомплексна ситуација. Со прогласот може да се суспендираат одредени вообичаени функции на владата, може да се предупредат граѓаните да го сменат своето вообичаено однесување или може да се овластат владини агенции да спроведат планови за подготвеност за опасност, како и да се ограничат или укинат граѓанските слободи и човекови права.

Мандатот на претседателот на Републиката, Владата, судиите на Уставниот суд и на членовите на Републичкиот судски совет се продолжува за време на траењето на воената или вонредната состојба. Во Македонија досега не е употребен овој член од Уставот за прогласување на вонредна состојба.

Со прогласување на вонредна состојба претседателот може да суспендира одредени вообичаени функции на владата, може да се предупредат граѓаните да го сменат своето вообичаено однесување, или може да се овластат владини агенции да спроведат планови за подготвеност за опасност, како и да се ограничат или укинат граѓанските слободи и човекови права. Кратко кажано, претседателот како врховен командат ќе може да суспендира дел од владините функции и повеќе надлежности да пренесе на себе.

Одлуката на кризна состојба не може да трае подолго од 30 дена, а доколку има потреба да биде надминат овој период, односно состојбата да трае подолго, владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба. Собранието и претседателот на државата во секое време може да побараат усмен или писмен извештај за состојбата во областа за управување со кризи.

Законот и овозможува на владата да донесува oдлука за употреба на ресурсите на органите на државната управа, органите на општините и на Градот Скопје, како и за управување со нив во случај на кризна состојба.

Употребата на ресурсите за остварување на активностите треба да биде пропорционална според природата и интензитетот на кризната состојба, разумна според карактерот на кризата и сериозна според јачината и обемот на кризата.

Претходна статијаВладата со нова мерка за сите оние што ќе сакат да ја напуштата државата
Следна статијаСтрумичанки кои се вратиле од Италија се шетале, па се расправале со полицијата