(ВИДЕО) Утрово се огласи Оливер Спасовски и упати апел до сите наши граѓани

0

Техничкиот премиерот Оливер Спасовски утрово преку видео порака на својот фејсбук профил упати апел до сите граѓани да ги одложат патувањата надвор од Република Северна Македонија.

Апелирам до сите граѓани да ги одложат патувањата надвор од Република Северна Македонија.

Секоја држава во регионот и во Европа има свои мерки за заштита и имаме проблем граѓаните да не можат да ги поминуваат границите или да остануваат некаде заглавени на граничните премини.

Тоа дополнително создава проблем за институциите на државата. Уште еднаш апелирам граѓаните да ги одложат патувањата и да не патуваат надвор од државата.

Сите граѓани да ги одложат патувањата надвор

Апелирам до сите граѓани да ги одложат патувањата надвор од Република Северна Македонија. Секоја држава во регионот и во Европа има свои мерки за заштита и имаме проблем граѓаните да не можат да ги поминуваат границите или да остануваат некаде заглавени на граничните премини. Тоа дополнително создава проблем за институциите на државата. Уште еднаш апелирам граѓаните да ги одложат патувањата и да не патуваат надвор од државата.

Публикувахте от Oliver Spasovski в Понеделник, 16 март 2020 г.

Премиерот Оливер Спасовски денеска ќе учествува на видеоконференција на самитот за Западен Балкан 2020, што се одржува под покровителство на канцеларот на Австрија, Себастијан Курц.

На видеоконференцијата ќе се разговара за соработката на актуелни прашања од интерес на граѓаните од регионот и за проширувањето на ЕУ.

Како што соопшти владината прес-служба, на оваа видеоконференција ќе учествуваат сите премиери од земјите на Западен Балкан и еврокомесарот за еврососедска политика и проширување на ЕУ Оливер Вархеји.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски, придружуван од директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Даријан Сотировски, се сретна со поглавари на верските заедници во земјава, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископ охридски и македонски, г.г. Стефан, на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи, на Католичката црква, бискупот скопски и епарх струмичко-скопски, Киро Стојанов, на Евангелско – методистичката црква, претседателот на Црковното претставништво, Емил Заев.

На средбата се поздравени мерките и чекорите што ги презема владата во справувањето со коронавирусот, во насока на ефикасна заштита на здравјето на граѓаните.

Претходна статија(ВИДЕО) Аирлија нека е: Мајка на две деца е жената која ја прими првата вакцина против Корона
Следна статија(ВИДЕО) Докторот Кристиан сподели снимка од болница и порача: Како поинаку да разберете да останете дома