(ВИДЕО) Аирлија нека е: Мајка на две деца е жената која ја прими првата вакцина против Корона

0

Џенифер Халер е храбрата 43-годишна мајка на две деца, која прва ја прими вакцината против новиот Корона вирус што сега повеќе од ва месеци владее со светот.

Откако тим од американски научници и доктори од истражувачкиот институт Кајзер Перманент од Вашингтон ја создадоа вакцината, почна првата фаза од имунизацијата за заштита од Ковид-19.

Четворица волонтери, меѓу кои прва беше Халер примија доза од вакцината, по што таа изјави:

-Целиот свет се чувствува беспомошно. Ова е одлична можност да сторам нешто, изјави Хелер по примањето на вакцината.

Нејзините две деца-тинејџери сметаат дека нејзиниот потег е cool, и што нивната храбра мајка е дел од студијата која има за цел да го победи вирусот.

Научниците од Институтот Кајзер Перманент од Вашингтон се нарекоа себе си „Коронавирус тим“, а лидерот, Д-р. Лиза Џексон изјави дека секој од нив сака да стори многу повеќе во време на вонредна состојба со која се соочува светот.

Инаку, како што појаснува, новата вакцина не предизвикува Ковид-19 кај оние што ја примиле, но сепак содржи мала количина на генетски код што е копиран од вирусот, а кој го предизвикува заболувањето.

-Сепак, ќе бидат потребни повеќе месеци за да знаеме дали оваа вакцина, но и другите кои се сеуште во фаза на истражување, ќе помогнат, појаснува Д-р. Џексон

Претходна статија(ВИДЕО) Штипјанец со хит коментар за сите оние што прават залихи со храна
Следна статија(ВИДЕО) Утрово се огласи Оливер Спасовски и упати апел до сите наши граѓани