(ВИДЕО) Кинеските лекари радосно ги тргаат маските – се затвораат привремените болници

0

Местото од каде што пред повеќе од два месеци сè почна, се чини дека ја добива битката со вирусот кој стана закана по целиот свет. Вухан и Кина почнаа да ги затвораат болниците кои експресно ги изградија по востановувањето на заразата.

Снимките кои последниот месец доаѓаа од Кина беа возн емирувачки. Рестрикции на сите страни, армијата приведуваше луѓе кои не ги почитуваа наредбите од властите, но беа прибирани и сите сомнителни за кои се сомневаа дека се заразени. Дури и од нивните домови.

Се чини дека сите овие мерки донесоа резултати, па така последните денови пикот во Кина значително опадна. Но за жал, сега тоа што го помина Кина, го поминуваат други земји кои не извлекоа поука од тоа што се случуваше таму.

Па така, сведоци сме на настаните во Италија, која сега спроведува карантин сличен на оној во Кина, а меѓу најпогодените е и Иран. Зголемен број случаи има во Шпанија, но и Јужна Кореа.

Синоќа Американскиот претседател Трамп, покрај низата други мерки, ги забрани и пристигнувањата на луѓе од Европа, односно на сите оние кои не се американски државјани или нејзини резиденти. Во моментов во Америка има околу 1300 случаи на заразени и се смета дека со ваквите мерки ќе се контролира ситуацијата.

Последните две привремени болници во Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, вчера и официјално беа затворени.

Тоа значи дека кинеските власти ги затворија сите 16 привремени болници за заболените од коронавирусот во тој град во провинцијата Хубеи. Вкупно 49 пациенти излегоа од привремената болница во вторник околу 15:30 часот.

На социјалните мрежи се појави една снимка на која се гледа како лекарите го одбележуваат моментот кога била затворена и последната привремена болница.

Медицинскиот персонал стоеше на скали и додека камерата ги снима еден по еден ги вадат заштитните маски. На лицата имаат широки насмевки, а некои мавтат и на камерите. Ова видео го обиколи светот и собра голем број позитивни коментари.

Претходна статија(ВИДЕО) Цеца се поднови со нов автомобил – а од цената колку чини ќе ви се сврти во глава
Следна статија(ВИДЕО) Цел свет му се смее на бугарскиот премиер Бојко Борисов по она што го направи