Ванковска: Македонија е федерација ама нема кој да ѝ каже

0

Билјана Ванковска: ,Вчера на часот по предметот Транзициска правда им зборував на студентите за нужноста од соочување со конфликтното минато, како услов за градење на мир и демократија. И како пример од сегашноста се наметна промената на имињата на училиштата во Чаир.

На ум ми падна дека патрониот празник на моето училиште „Јан Амос Коменски“ беше секогаш време кога зборувавме, пишувавме и славевме еден голем човек кој својот живот го посветил на децата и нивното воспитување и образование. Еден од класиците/родоначалниците на педагогијата како наука уште во 16 век…

Тој е еден од првите заговорници на правото за општо образование на сите деца. Вовел образовни концепти кои се користат и денес, учебници со илустрации, учење на мајчин јазик наместо на латински, уичење од едноставното кон сложеното, учење низ текот на целиот живот, логичко разбирање наместо памтење, образование за жените, и особено за сиромашните деца.

Барањата за промената на имињата на училиштата во Чаир е стара тема (ама ние забораваме лесно) – и сега е подгреана таман пред избори, за собирање политички поени на етничка карта, но и ефектите се многу подлабоки на подолг рок. Да станува збор за албански дејци, и да се разбере – но, како патрониот празник ќе го одбележуваат дечињата од ОУ „Имри Елези“.

Тоа е име на паднат борец на УЧК од 2001 година, студент кој излегува од школските клупи, фаќа калашњиков и загинува за „човекови права“ и “демократија“. Еве ја таа Македонија за која се борел, од која заминува се’ што може, вклучително неговите денешни врсници.

За оние кои ќе останат, името на патронот на училиштето остава друга порака: вооружената борба е хероизам, наместо перо помоќен е калашњиковот, Имри загина од непријателската рака на … ЧИЈА рака, се поставува прашањето? ЗОШТО? Која е научената лекција од 2001?

Нешто што сфатив откако почна семестарот е дека зборувам на генерација која не била родена или се родила токму во таа 2001 година. Кога ќе спомнам нешто од тоа време, едвај некој и знае нешто. Тоа е резултат на училишен систем под палката на две-три партии кои секогаш незгодните теми ги туркале под чергиче, или злоупотребувале за политички цели.

Младите и децата се објект на најразлични нарации, приказни, митови, кои ретко водат до толку потребното осудување на насилството, соочување со фактите за загинатите и исчезнатите (20 години подоцна ние уште не знаеме каде им лежат коските и ниедна коалиција не го реши тоа прашање!). Нема емпатија, нема залог за мир и помирување (за Заев помирувањето почна и заврши со еден Муковски).

Овде не зборувам за правните акробации со кои се сменети имињата на училиштата (кога е згазен устав, смешно е да зборуваш за кршење на процедура на општинско ниво), за глумењето тензии меѓу СДССМ и ДУИ, за тоа дека (ако добро разбрав) сега на територијата на оваа општина нема училиште кое носи име на македонски деец или некој од друга националност.

Не е толку трагично што Вапцаров е избришан од Чаир, страшното е што е Вапцаров неподобен и кај македонските власти! Акробациите и манипулациите со мултуетнички партии, држава, општество и што ли уште не се згодни во вакви времиња, и за жал пак гледаме професори кои ни продаваат ветер и магла.

(Патем, мојата прва колумна за федерализацијата на Македонија и нејзината трансформација во бинационална држава (плус научните трудови) датираат од пред повеќе од десет години.

Напишав, Македонија е федерација ама нема кој да ѝ каже – сега наближува време кога ќе се најде „јунак“ кој тоа ќе го каже, ама и официјализира. Кога она со името мина со млак отпор, сега е уште полесно…)”

Претходна статија(ВИДЕО) Жена од Србија јавно порача дека едвај чека да ја фати Корона вирус, откри и зошто
Следна статијаФросина од Скопје: Се ближи денот на кич парадата на женичките што се палат на екибани и попусти у спа центри