(ВИДЕО) Жена од Србија јавно порача дека едвај чека да ја фати Корона вирус, откри и зошто

0

Паниката со коронавирусот владее речиси во целиот свет, а истото се случува и на Балканот каде речиси во сите соседни држави има заразени луѓе.

Во Србија граѓаните иако се плашат од коронавирусот има и такви кој го предизвикуваат да „дојде“.

Имено оваа жена стана хит на социјалните мрежи откако во анкета на новинарското прашање дали се плашите од коронавирусот таа вели дека едвај чека да ја дофати, погледнете:

Светската здравствена организација соопшти дека има 17 пати повеќе нови случаи на Ковид-19 надвор од Кина во споредба со бројот на случаи во нејзините граници

Државите низ светот преземаат засилени мерки за да го спречат ширењето на коронавирусот од кој досега се инфицирани 95.000 луѓе во повеќе од 75 држави, додека бројот на нови случаи во Кина започна да опаѓа.

Светската здравствена организација соопшти дека има 17 пати повеќе нови случаи на Ковид-19 надвор од Кина во споредба со бројот на случаи во нејзините граници.

Австралија во четвртокот се приклучи кон мерките на Кина и Иран забранувајќи ги патувањата од Јужна Кореја, каде има повеќе од 6000 случаи, најмногу надвор од границите на Кина.

По забраната на патувањата од Кина, Индонезија воведе ограничување за патници од одредени области во Јужна Кореја, Иран и Италија. Иран и Италија се најтешко погодени по Кина и Јужна Кореја.

Во Иран, каде има повеќе од 3.500 случаи, училиштата и универзитетите ќе останат затворени до 20 март. Во Италија, каде има повеќе од 3000 потврдени случаи, училиштата и универзитетите ќе бидат затворени до 15 март, додека на спортските натпревари ќе биде забранета публика и следниот месец.

Претходна статија(ВИДЕО) Се огласи Петре Шилегов: Јас шајки не ковам
Следна статијаВанковска: Македонија е федерација ама нема кој да ѝ каже