Татко на познатата актерка почина од Корона – таа испрати порака до јавноста

0

Изминатиов викенд се чини дека Корона вирусот како да зеде дополнителна сила, па и покрај превземените мерки за изолација и седење дома, бројките во речиси сите држави во светот рапидно растат.

Швајцарија, покрај Италија има огромен пораст на заразени по глава на жител, тука се и Шпанија и Германија. Викендов голем скок во бројноста на заразени забележа и Америка.

Исклучок од овој негативен тренд не е ни Англија. Британската актерка Софија Мајлс, најпозната по улогата во филмот „Трансформерс“, во саботата на својот твитер-профил објави тажна вест, и тоа само неколку часа по објавувањето на фотографијата на која е со татка си во болничката соба.

-Почивај во мир, Питер Мајлс. Мојот сакан татко почина пред неколку часа. Коронавирусот му го одзеде животот на крај, напиша актерката.

Претходна статија(ФОТО) Македонскиот пратеник: Почна да врне силен дожд, можеби ќе отиде Корона
Следна статијаЈоци: И многу им се два месеци по 14.500 денари