Вирусот кој што досега зарази над 100.000 луѓе и однесе околу 3.500 животи е голем предизвик во здравствена смисла, но не само таму туку и во политичка и економска смисла.
Вирусот се шири поради фактот дека технологијата и индустријата се развиваат, па денес патувањата од континент на континент се полесни и побрзи од претходно. Меѓутоа, токму поради технологијата светот никогаш претходно немал подобра алатка за да се бори против глобалната епидемија.
Инјасио Лопес Гоњи, шпански професор по микробиологија и вирологија, напишал известување за “The Conversation” во кое вели дека вирусот кој предизвикува сериозно воспалување на белите дробови, во Вухан бил идентификуван за седум дена откако официјално била објавена епидемија на 31-ви декември во тој град.
Во споредба, вирусот ХИВ бил идентификуван две години откако се појавил во 1981-та година. Знаеме и дека вирусот е природен, дека е поврзан со слични коронавируси кои можат да се најдат во лилјаците и дека може да мутира, но дека тоа не се прави често, пишуваат од „Guardian“.
До 13-ти јануари, три дена по објавувањето на секвенцата геном, достапен е доверлив тест кој научниците на одделението на вирологија го развиле со помош на експерти од Ротердам, Лондон и Хонг Конг.
Очигледно дека кинеските драконски мерки за заштита и карантин се покажале како ефикасни. Во петокот во Кина забележани биле 99 нови случаи, најниска бројка за шест седмици. Во неколку кинески провинции немало нови случаи ниту по една седмица, а некои сега почнуваат да ги отвораат училиштата повторно.
Честото и внимателно миење на рацете, како што знаеме сега е најефикасен начин да се заштитиме од пренесување на вирусот додека пак растворите етанол, хидроген пероксид или избелувач ќе ја дезинфицираат површината.
Висок степен на ризик од зараза имаат оние кои што имаат директен физички контакт со некој кој што веќе е заразен, некој кој што кашла, кива (или пак доколку дојде до контакт со искористена марамица) или пак да бидат на помала оддалеченост од два метра повеќе од 15 минути од оние кои што се заразени. Значи не може да се заразите доколку случајно поминете на улица покрај некој што е заразен.
Според истражувањата на 45.000 потврдени инфекции во Кина, 81 отсто од случаите предизвикале поблага болест, 14 отсто од пациентите имале симптоми кои што ги опишале како “тешки“, а само 5 отсто од случаите се сметани за критични при што половина од нив починале.
Комерцијалните фармацевтски и биотехничкаи лаборатории, како што се “Moderne”, “Inovio”, “Sanofi”, како и академските групи како оние на Универзитетот во Квинсленд во Австралија – од кои многумина веќе правеле вакцини за слични вируси поврзани со САРС – имаат прототипни вакцини во развој од кои некои веќе ќе бидат подготвени за тестирање на луѓето.