Шпанија е новата Италија – саемот ќе го претворат во болница

0

Денес бројот на заболени во Шпанија скокна за околу 20 проценти, искачувајќи се на преки дваесет илјади. Слободно може да се каже дека Шпанија е новата Италија. Болниците се соочуваат со недостиг на простор, персонал и материјали.

Новата привремена болница за лекување на болните од коронавирус ќе биде поставена во саемскиот центар ИФЕМА во близина на аеродромот, соопшти локалната власт.

Таму, инаку се одржуваат големите саеми, како што е FITUR, најголемиот саем за туризам во Шпанија. Светскиот конгрес за воздушен сообраќај требаше да се одржи таму овој месец, но беше откажан заради коронавирусот.

Потоа, Мадрид се претвори во жариште на заразата со коронавирус со повеќе од 7000 пациенти, пред Каталонија со над 3000 заразени.

Во главниот град, два хотели веќе се претворени во болници, опремени за лекување на коронавирус. Досега, повеќе од 40 хотели со капацитет од 9000 легла се понудија за помош, соопштија од Здружението на хотелиерство во Мадрид.

Околу 47 милиони шпански жители се наоѓаат во домашна изолација скоро една недела, со цел да се забави ширењето на коронавирусот, кој за прв пат се појави во Кина пред четири месеци. Шпанската влада се надева дека инфекцијата наскоро ќе се зголеми, а потоа ќе започне да опаѓа.

Претходна статијаСкопјанката Весна открива како добила Корона и упати важна препорака до сите
Следна статијаМицкоски: Ние баравме војска и полиција на улица за да се заштитат граѓаните