Путин пушти авион со доктори и опрема кон Италија

0

Италија се најде во најнезгодната ситуација во својата историја. Целиот свет сочувствува со Италија, но и ги предупредува своите граѓани да го земаат примерот од Италија и да ги почитуваат превентивните мерки.

После помошта од Кина, денес полета и првиот руски воен авион со доктори и опрема кон Италија, во рамките на помошта во борба против коронавирусот, соопшти руското Министерството за одбрана.

Во соопштението се наведува дека рускиот авион во Италија ќе однесе тим воени доктори, специјалисти за вирологија и епидемиологија со модерна опрема за дијагностика и дезинфекција, пренесе „Тасс“.

Министерството претходно навело дека во Италија ќе прати осум тимови воени виролози и доктори, како и медицинска опрема и дезинфекциски системи.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера во разговор со италијанскиот премиер Џузепе Конте во Москва потврдил подготвеност на ја пружи неопходната помош.

Русија планира да прати заштитна опрема, системи за дезинфекција на возила и земјиште, како и друга медицинска опрема за најзагрозените италијански редиони.

Претходна статијаПрва човечка загуба од Корона во Македонија
Следна статијаБојко Борисов: Ќе и помогнеме на браќата Македонци