Познато што е разликата помеѓу кризна и вонредна состојба

0

Деновиве во Македонија најпомнувани термини се кризна и вонредна состојба. Кризна веќе постои во делот на Дебар, а извесно е дека ќе се прогласи и вонредна состојба доколку бројот на заразени од корона вирусот се зголеми.

Но, малкумина знаат што е кризна а што вонредна сотојба и во што е разликата.

Кризната состојба не може да трае подолго од 30 дена, а доколку има потреба да се продолжи владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот.Но во нашиот случај тоа е проблем бидејќи Собранието е распуштено поради изборите кои требаше да се одржат на 12 април.

Вонредната состојба е покомплексна ситуација. Со прогласот може да се суспендираат одредени вообичаени функции на владата, може да се предупредат граѓаните да го сменат своето вообичаено однесување, или може да се овластат владини агенции да спроведат планови за подготвеност за опасност, како и да се ограничат или укинат граѓанските слободи и човекови права.

Потребата да се прогласува вонредна состојба може да произлезе од различни ситуации како што е вооружена акција против државата од страна на внатрешни или надворешни елементи, природна непогода, граѓански немир, епидемија како во случајот кај нас, финансиска или економска криза или генерален штрајк.

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју во емисијата „Топ тем“, образложувајќи зошто се уште не е воведена кризна состојба на цела територија поради пандемијата од корона вирусот, наведе дека раелно немаме ресурси за да се воведе кризна состојба на цела територија.

Тој нагласи дека во двете општини каде е воведена кризна состојба – Центар Жупа и Дебар, каде според него живеат околу 10.000 лица, се распоредени над 350 лица, припадници на војска и полиција, како и здравствени работници.

Да објаснам за колкави ресурси станува збор, ако зборуваме за налик на онаа ситуација што ја имаме во Центар Жупа и во Дебар. Во двете општини, севкупно војска, полиција и здравствени работници имаме над 350 луѓе. За две општини кои по попис имаат 15.000 луѓе, а прашање е дали имаат 10.000 сега. Бидејќи е иселенички крај. Ако се оди така и во сите други општини, објективно во сите 80 општини, тоа е кризна состојба на цела територија, со ова ниво на контрола на влез и излез на границите на општините. Ние тоа не можеме физички да го постигнеме, нагласи Пендаровски.

Тој наведе дека со комплетно ангажирање на армискиот состав, со комплетно ангажирање на полицискиот состав и на квалификуваните здравствени работници, ние тоа не можеме да го направиме на целата територија.

Една работа е да имате на територија на две општини кризна состојба, друго е да имате на три или на четири. Вчерашната проценка беше дека добро е да воведуваме кризна состојба како што одредени општини ќе доаѓаат на дневен ред со вирусот. Можно е Скопје да оди во таа насока, се уште не е таму, бидејќи е голем град. И објективно оваа бројка што е досега детектирана за толкава бројка на луѓе што живеат тука и во околината, не е алармантна за да мора да се воведе, оцени претседателот.

Пендаровски истакна дека треба да се прави сериозна проценка за распоредување на сили, не само за војска и полиција, тука и за здравствени работници.

Од средината на вчерашниот ден, до средината на денешниот ден имаме практично дуплирање на случаите. Дневно мораме да правиме анализи, сите ние кои сме во ова инволивирани. Филипче кажа дека е можно пикот на вирусот да биде за еден месец од сега и дека е можно 2.000 луѓе да бидат заразени. Тоа значи дека е можно деновиве повторно да се состане Совет за безбедност. Не е исклучено дека ќе треба да се воведе и поинаква состојба, од оваа што ја имаме сега – кризна состојба само во две општини, посочи претседателот.

Пендаровски нагласи дека денеска е изреч

Претходна статијаАктерката од Преспав Јелена Јованова со емотивен статус за својата мајка
Следна статијаВаско Ефтов со провокација до верниците: Слаба ви е верата, иначе би биле спокојни