Нaшите соседи се подготвуваат – во Бугарија спортка сала претворена во импровизирана болница

0

Од денес изутрина во салата АРЕНА АРМЕЕЦ во Софија во тек е подготовка за тоа како да се претвори истата во импровизирана болница ако има потреба за тоа. Ова го објави бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот ФБ профил.

Понатаму тој вели: Ова е препорака од Националниот оперативен штаб, а самата подготовка ја спроведувам лично јас.

Во подготовката учествуваат Министерсрвото за здравство, Министерството за спорт и млади и Државната агенција за државни резерви и воени резервисти. Со подготовката раководи Националниот оперативен штаб.

До крајот на денешниот ден ќе заврши првата етапа -поставување на привремен центар за прифаќање на пациенти во услови на карантин со можност за прераснување на истата во импровизирана болница.

Извор: Бриф

Претходна статијаАлбанија со радикален потег, треба ли да го следи и Македонија
Следна статијаФилипче предмалку информираше за нови заразени, бројката се искачи на 76