Многумина се прашуваат – зошто баш во Италија ,,букна” толку силно Корона

0

Кога епидемијата, или сега пандемијата на вирусот корона, започна да се шири надвор од границите на Кина, многу земји почнаа да преземаат дејства. Откако беа откриени првите три случаи, вклучувајќи двајца кинески туристи кон крајот на јануари, сите беа затворени во изолација во болницата во Рим. Идентификувани беа и контактите на тие „ескадрони“, а Италија беше една од првите земји во светот што ги прекина воздушните врски со Кина.

Лондонски „Гардијан“ потсетува на зборовите на италијанскиот премиер Џузепе Конте на 31 јануари: „Системот за превенција воведен од Италија е најригорозен во Европа“.

Сепак, за сето ова време, невидливиот непријател се вмрежуваше низ градови, села … Наскоро се покажа дека болниците во северниот и во централниот дел не се усогласени, дека не постојат јасни процедури во случајот кога луѓе се јавувале со необјаснета треска и респираторни проблеми. Работите се влошија уште кога се покажа дека луѓето што немаат никаква врска со Кина, се пожалиле на проблеми.

Еден човек од Кодоња (38) се разболел на 18 февруари и тој немал никаква врска со Кина. Отишол кај неговиот лекар и неколку пати одел во локална болница, но никој не ги поврзал неговите симптоми со коронавирус.

Сега е познато дека човекот бил „Првиот пациент“ како што го нарекоа италијанските медиуми. Кога конечно бил примен во болницата и тестиран, поминале веќе 36 часа кои ги поминал надвор од изолација. Дотогаш, тој заразил голем број медицински персонал и други луѓе.

Кога веќе станало јасно дека работата излегува од контрола, италијанските власти најпрво ги затворија регионите на северот од земјата (Ломбардија, Венето…), постепено и други, за да конечната одлука на Владата во Рим биде „Затворај ја целата земја“. Италијанските лекари упатиле драматични апели, опишувајќи ја секојдневната работа во болниците и борбата заразените пациенти да ги спасат како од „воено поле“.

Шефот на одделението за заразни болести во миланската болница „Сако“, професорот Масимо Гали смета дека староста на населението е една од можните причини таа земја да ја направи толку ранлива.

-Во Италија имаме голем број луѓе кои се веќе во третиот животен период, кои имаат уште некоја болест. Мислам дека тоа го објаснува фактот што овде имаме толку сериозни случаи на коронавирус“, вели тој.

Поединци тврдат дека италијанскиот здравствен систем , сепак, не бил подготвен да ваков удар од непознат вирус, кој се „измешал“ со бранот на обичниот, сезонски грип. Во Ломбардија, во која има најмногу заболени, има само 800 респиратори, кои им се неопходни за функционирање на тешко заболените.

-Италијанците очигледно не биле подготвени за огромниот прилив на болни. Меѓутоа, како и секаде на светот, и во Италија починатите ја сочинуваат популација постара од 80 години – изјавил неодамна еден од српските епидемолози др Бранимир Нестеровиќ, додавајќи и дека „нешто укажува на тоа дека италијанските гени се посебно слаби на оваа зараза“.

-Треба да се присетиме дека пред сто години токму Италијанци и од „Шпанска грозница“ дури седумпати повеќе умирале од останатите-додал тој.

Целиот текст прочитајте го на Фактор

Претходна статијаБоки 13 ќе стори се за да излезе на слобода: Со својот профил на Инстаграм ја докажуваше невиност
Следна статијаСе огласи Македонка од Италија и до нашиот народ упати јаснa молба и совет