Масон од Србија во емисија кај Васко Ефтов тврди дека Путин е сменет и сега е само ,,фигура”

0

Велимир Абрамовиќ, ма сон и писател од Србија, како што беше најавен во емисијата кај Васко Ефтов, изнесе досега непознати факти за обичниот граѓанин, а тоа е дека Владимир Путин веќе не е прв човек на Русија.

Имено, тој тврди дека пред извесно време, во Русија се случил тивок воен преврат, при што Димитриј Медведев всушност не е сменет од позоцојата, туку тој сега е заменик на Путин, односно негов котролор.

Новиот Премиер на Русија, Михаил Мишустин дваесет години работел во даночните одделенија на таа држава и им ги знае сите финансии на олигарсите, па сега тој преку воведување разни давачки ќе се обиде да им земе огромни средства, односно да ги врати во државата, тврди Абрамовиќ.

-Владимир Путин беше претставник на црковното крило од власта во Русија. Всушност и на светско ниво, властите се поделени на црковно и воено крило. Бидејќи беше оценето дека Путин како претставник на тоа црковно крило е многу мек и Русија загубила огромен дел од своето влијание во светот, тој е тивко изолиран, вели Абрамовиќ.

,,Вие видовте дека немаше скоро никаква реакција од Димитриј Медведев. А како и би имало. Тој е потчинет во тоа воено крило кое сега ја презеде власта и ги слуша наредбитѕе од ,,генералите”, однодно оние кои се дефакто главни и ја водат политиката на земјата.”, потенцира Абрамовиќ.

Тој очекува Путин да не биде и формално тргнат од функцијата, односно дека ќе се остави до крајот на мандатот да фигурира, но веќе никогаш нема да биде на функција во Русија.

Неговите прогнози околу Американската политика се дека Трамп ќе победи на следните избори, само доколку биде одлучено и Путин формално да остане на власт до крајот на својот мандат. Во спротивно, доколку Путин биде предвреме тргнат, Трамп нема да има втор мандат.

Притоа Велимир Абрамовиќ дава низа примери низ историјата, со кои ја ги поткрепува своите тези за псотоење на црковни и воени крила во светската политика. Тој исто така се осврна и на конфликтот во Сирија, потенцирајќи дека главната причина за сè што се случува таму се Христијанските Копти.

Интересно интервју кое вреди да се погледне, со оглед на тоа што сиве овие години во светската јавност провејуваат информациите дека некоја таканаречена светска влада ги влече сите конци во политиката и економијата, а не конкретните фигури кои се на власт во државите.

Обработи: Петар П.

Претходна статијаДокторот Стојаноски: Сега повеќе од било кога сме му потребни на здравствениот систем
Следна статијаМајка од Косово: Си го чувствувам детето по стисокот на раката дека е добро