Српскиот Претседател Александар Вучиќ, завчера во обраќање пред новинарите ја искажа целата своја разочараност од Европската унија, која во изминативе години ги убедувала како држава, да ги прилагодат тендерите, за да можат Европските, а не Кинеските фирми и компании да ги добиваат зделките во Србија.
.Сега, кога ни е потребна нивната помош, никаде ги нема, кога требаше да земаат српски пари, тие ни вршеа огромен притисок да ги елиминираме кинезите со менување на тендерските постапки, рече Вучиќ.
Токму затоа, Вучиќ тогаш кажа дека испратил писмо до претседателот на Кина, кого го нарече „брат и пријател на Србија, гарантирајќи му челично пријателство” во кое побарал „сè од Кина”, па дури и доктори.
Снимката во која се наведува дека ќе прогласи вонредна состојба, а особено делот каде вели дека очекува и најавува помош од Кина со лекови, опрема и доктори, се емитуваше во медиумите во Кина и на социјалната мрежа Веибо.
Видеото доби лавина коментари од кинески граѓани кои ја поддржуваат Србија, и веднаш побараа помош да биде испратена до пријателската земја.
Најчестите коментари беа „Да и помогнеме на Србија“, „Треба да им помогнеме“, „Секако дека ќе ви помогнеме“, „ние сме вистински браќа“, „ние сме пријатели“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, откако прогласи вонредна состојба, рече дека побарал помош од кинескиот претседател Си Џипинг, гарантирајќи му го вечното пријателство со малата Србија.
Можеби и нашите политичари треба да размислат и да извлечат поука од обраќањето на Вучиќ, да споредат, да стават на кантар што се вели, кој е тука во најтешките моменти и за нас како држава. Како што е познато, Кинезите и нас ни помогнаа со медицинска опрема.
Публикувахте от Kurir в Неделя, 15 март 2020 г.