Вчера, откако се договорија да се одложат изборите, најголема дилема во државата беше дали треба да се донесе кризна или вонредна состојба. Тања Каракамишева во серија постови на својот профил на социјалните мрежи, го изнесе својот став околу тоа што треба да се превземе за да функционира државата во услови кога избори нема да има, а имаме техничка, предизборна влада:
,,Правниците кои се залагаат да се воведе вонредна состојба од страна на Пендаровски добро нека размислат.
Во услови кога Собранието е распуштено, кога претседателот на Републиката не може да донесе одлука за одлагање на закажаните избори, ниту за распишување нови избори и кога нема Собрание да ОДЛУЧУВА за овластувањата утврдени во чл.126, ст.2 дали тие не сакајќи или можеби свесно влегуваат во сценариото на креирање криза
,,Ако партиите одлучат да се одложат изборите тогаш пратениците да се вратат во Собрание како во 2016г. и нека работат.
Во 2016г. за жал имавме правен преседан распуштено собрание повторно да се состане.
Нови избори може да распише само Џафери, не може влада со уредба со законска сила, не може Пендаровски со одлука. И одложувањето на изборите мора добро правно да се обмисли!”
,,Во услови на постоење force majeure/vis major го повикувам Уставниот суд, согласно чл.110, став 1, алинеја 8, “-одлучува и за други прашања утврдени со Уставот” да ја поништи одлуката за распишување на изборите.
Сите пратеници да се вратат во Собранието и да покажат одговорност во услови на криза. Државата мора беспрекорно да функционира!
При постоење на виша сила не смее да дозволиме да губиме време со надмудрување, да се правиме паметни било-не било уставно, вака требало, така требало, туку да го оспособиме системот да работи.
Дополнително што во Изборниот законик, чл. 15, ст. 4 е предвидено дека “мандатот на пратениците трае од денот на неговото верификување до денот на верификувањето на мандатот на новоизбраните пратеници, но не подолго од четири години”.