Главниот Шведски Епидемиолог вели: Во мај корона ќе се смири, но ќе се врати наесен

0

Главниот епидемиолог на Шведска, Андерс Тегнел, негираше дека пристапот на земјата е брзо да се изгради групен имунитет кон вирусот, тактика која навидум се води во Велика Британија и Холандија, сè додека неодамна не се смени решението по предупредувањата дека нивните здравствени системи можат да бидат колабираат и би се зголемил бројот на смртни случаи.

Но Тегнел призна во изјава за весникот „Свенска дагбладет“ минатата недела дека таквата цел не е „контрадикторна“ со она што тој го опиша како основна стратегија на владата, а тоа беше да се обезбеди „бавно ширење на инфекцијата и здравствените служби да имаат разумен обем на работа“.

Во неделата навечер, Тегнел за шведската телевизија изјави дека избувнувањето ќе се „смири“ во мај, но ќе се врати наесен.

„Ќе биде важно колкав дел од населението е заразен“, рече тој.

„Тоа ќе детерминира што ќе се случува наесен“. Корона вирусот може да се запре или со „имунитет на стадо, или комбинација на имунитет и вакцинација“, рече тој. „Тоа е во основа иста работа.“

Шведските здравствени работници сѐ повеќе искажуваат загриженост дека владата го става здравјето на економијата пред здравјето на граѓаните. Водечките експерти минатата недела беа жестоко критични кон шведските здравствени власти во електронските пораки што ги виде државниот радиодифузер СВТ, обвинувајќи ги за неспособност и немање медицинска експертиза.

Претходна статијаНајчевска: Абре говеда невакцинирани, се радувате што Заев им скинал од плата на буџетарите
Следна статијаТричковски: Ми иде никогаш да не излезам од оваа самоизолација